Мики Црнокрак не бил никогаш посреќен, блеска покрај ќерките и сопругата – ова беше посебен ден за него
Еве како го израдуваа најмилите

Се славеше во домот на семејството Црнокрак
Мики Црнокрак доби незаборавно изненадување од своите ќерки Моника и Нина и од сопругата Светлана.
На Мики му беше роденден, па тие го изненадија со преубава торта, па следуваше и сликање за на социјалните мрежи пред да си ја замисли желбата и да ги дувне свеќичките во форма на бројот 58.
Инстаграм/ Мики Црнокрак
Покрај ќерките, Мики доби голем број честитки и од своите пријатели и колеги кои секако дополнително му го разубавија денот.
Потсетуваме, поранешниот манекен и сопственик на студиото „Црнокрак“, Мики Црнокрак, од 1997 година е во брак со Светлана.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Тие важат за еден од најскладните бракови на нашата јавна сцена, а круна на нивната љубов се двете ќерки Моника и Нина.
Инстаграм/ Мики Црнокрак
Големи успеси и на деловен план
Мики неодамна ги изненади сите кога прв откри дека две девојки од студиото Црнокрак постигнале одличен резултат на светски избор за убавина. Станува збор за Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка и Соња Арсовскa од Кавадарци кои го освоија високото 5-то и 6-то место како и титулата Miss BEST COSTUME на изборот за Мис Европа 2025 во Бејрут, Либан.
Повеќе за ова прочитајте тука.