Епицентарот на убавината – Бесплатни производи од омилениот dm, каде го има тоа?!
Денеска покрај сесловенските просветлители се славеше и убавината

За првпат во Македонија денеска се одржа најголемиот настан за убавнина „Find Your Beauty“, во организација на dm.
Денеска покрај сесловенските просветители се славеше и убавината. Вкупно 19 штандови за убавина ги понудија своите бесплатни услуги и производи на преку 1200 жени.
– Ако некој маж си ја изгубил жената знае каде да си на јаде, на „Find Your Beauty“- рече низ смеа водителката Јована Стојменовиќ, која беше модератор на овој настан.

Сите коишто имаа среќа си набавија на време карти, со цел да нема големи гужви организаторите ја ограничиле бројката на посетители. Ќе споредиме со минатата година во Белград, кога се организраше истиот овој настан, голем број од инфлуенсерките се пожалија на големи гужви и загушливост, очигледно оваа компанија учи од грешките и гледа да биде се најдобро за клинетите. Доволно луѓе, или доволно гужва за да може се да функционира без проблем, така и беше.
Се чека, но издржливо е, убава е атмосферата наоколу така што не го чувствувам чекањето како некој проблем – изјави една девојка за Гламур.
Advertisement
Што се случуваше на „Find Your Beauty“?
На влезот покрај хартиената белегзија која што ти ја даваат во случај да сакаш да ја напуштиш салата и пак да се вратиш ти даваат и пасош.

Да, да добро разбравте, пасош за да собираш печати од штанд на штанд. Во пасошот е семстена мапа за полесно да се снајдете и по еден купон за пијалок и храна.
Дамите поминаа едно убаво саботно попладне, се шминкаа, се сликаа, собираа подароци од омилените брендови и учествуваа на забавни игри во кои секако добиваа подарок од различен тип, како, нега на коса лице и тело, шминки, здравје и благосостојба, нега на бебиња и деца, домаќинство, органска храна и храна за домашни миленици.
Програмата беше фантастична, интересна, динамична и допадлива. На почетокот посетителите имаа можност да погледнат интервјуа со неколку познати инфлуенсерки. Тука беа водителката Јелена Спенџарска, Марија Илиева -Марисол, Николина Славковска -Нина Ред и Даниела Ѓуровска -Дани.
Овие прекрасни дами ги покажаа своите слабости и несовршенoсти пред јавноста, и ги охрабријa оние помладите и понесигурните дека секој има некаков недостаоток, но не треба да се срамиме од тоа.
Откако водителката Јована и се обрати на Спенџарска со тоа дека таа никогаш не била без самодоверба, Јелена тоа го негираше.
– Не си во право, грешиш, јас порано кога бев мала многу се среамев од сосптвеното име. Знаете ми беше чудно што се викам Јелена. Имаше толку многу Елени околу мене и јас сакав да бидам со сите со толпата, знаете? Но, со текот на времето сфатив дека тоа што сум уникатна е доблест – рече Спенџарска.
Даниела кажа дека не си ја сакала црвената коса кога била дете и дека со текот на времето сфатила дека тоа ѝ е вистински адут да биде посебна, различна. Нина Ред се потсети на проблемите со акните за кои честопати зборувала јавно, а Марисол откри дека некоја другарка и ја кренала самодовербата.
Од штандовите најголемо внимание привлече штандот за анализа на боја. Во последно време анализата на боја е многу популарна, а доказ за тоа е и тоа што постојано се чекаа колони и редици на штандот кај Миља Јовиќ. Таа е сертифициран личен стилист и аналитичар за бои и воедно гостинка од Србија која зборуваше за овој светски тренд.

При тоа правеше бројни анализи на девојките на лице место. За оние кои не знаат оваа услуга чини и до 100 евра, а овде девојките имаа можност да ја пробаат бесплатно. Подетално за ова ќе имате прилика да прочитате во интервјуто кое што го направивме со Јовиќ.

Големи редици имаше и на штандот за одредување на тип на кожа. Доколку ја пропуштивте оваа услуга тука, имајте во предвид дека dm ја има секој четврток и во Dimond mall.
За оние кои имаа потреба од маникир саемот нудеше можност бесплатно да си ги средите ноктите.
За ова задоволство беа задолжени од Арт студио.
За помалку од два часа средивме нокти на преку 30 жени, уморни сме, криво ни е што немамае можност да пршетаме и да видиме што се случува, но во исто време ни е огромно задоволството што сме дел од овој голем настан – велат за Гламур од Арт студио.
Од програмата посетителите имаа можност да учествуваат на панел дискусија насловена: Мит или факт, на која беа поставувани интерсни прашања во врска со убавината, начинот на нега на кожата и употребата на шминка.
На ова тема панелистки беа поранешната манекенка Ангела Ѓоргиев, нутриционостката Симона Коруновска и психологот Бојана Стојменовиќ.

Мит или факт?
- Дали консумирањето на вода со лимон го чисти лицето?
- Дали природниот начин на нега на кожата, како лушпа од банана, краставица и слично е подобар од дрогериските производи наменети за кожа?
Ова се дел од темите на кои се дискутираше. Што би одговориле вие на овие прашања?

Настанот понуди и многу работилници, па така учениците на една од работилниците можеа самите да си направат балсам за усни од природни состојки, да изработат dream catcher, да играат меморија…
Пет часа поминаа за миг за сите присутни ни за момент не беше здодевно, а на крајот секој си замина со торба полна со подароци.
Погледнете во продолжение дел од атмосверата.