Необично видео: Цеца со сарми на главата во луксузниот автомобил – на задното седиште згодни момчиња
Еве што се случуваше непосредно пред концертот

Интересно видео сподели познатата пејачка
Балканската фолк-кралица Светлана Цеца Ражнатовиќ на Инстаграм сподели едно видео со кое ги насмеа фановите.
Таа одржа концерт за паметење во Ужице, но претходно се снимаше додека беше во автомобилот и патуваше кон овој град.

И бидејќи времето беше дождливо, пејачката и нејзината екипа ги фати невреме додека патуваа, па Цеца се снимаше и во шега ја коментираше ситуацијата, но откри и со кого се вози во својот луксузен автомобил.
„Тргнавме кон Ужице, секако со сармите на главата, бидејќи е висока влажноста, но изнајмивме чамец за да стигнеме до Ужице, друго решение не постои. Чекајте не, се гледаме“, изјави Цеца во видеото, притоа покажувајќи ја и својата екипа со која патува, а меѓу нив и шармантниот млад фризер кој седеше на задното седиште.
Имено, во автомобилот беше и познатиот фризер Стеван Радивојевиќ кој е познат и како личен фризер на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
И Мики Секуловски со Цеца на сцената
Инаку, на концертот и овој пат можевме да го видиме и Мики Секуловски, кој блескаше покрај својата поранешна менторка.
Потсетуваме, Мики по завршувањето на финалето во „Ѕвездите на Гранд“ кога го освои второто место од Цеца доби понуда што не се одбива.
Имено, тој стана дел од тимот на неговата менторка и настапува со неа како придружен вокал н нејзините концерти.
Цеца и покрај дождот успеа да направи вистински спектакл, а повеќе за нејзиниот настап во Ужице прочитајте тука.