MAMAРецепти

Наједноставен евтин рецепт за чоколадниот луксуз што го освои светот – Дубаи чоколада, десертот што изгледа како злато и се топи како грев

Интернетот секои неколку месеци избира нова слатка опсесија, а во последно време социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за еден единствен десерт – Дубаи чоколадата.

Advertisement

Овој кремаст, богат и визуелно луксузен десерт стана вистински вирусен хит, благодарение на својата едноставна подготовка и вкус кој потсетува на најдобрите рачно правени пралини.

Дубаи чоколадата се подготвува без печење, изгледа како десерт од гала свеченост, а вкусот ја оправдува секоја секунда помината во кујната.

Advertisement

Ви ја носиме и адаптираната верзија на рецептот, со состојки достапни и кај нас:

Потребни состојки:

– 200 г кадаиф (може да се замени со 200 г мелени бисквити)
– 100 г стопен путер
– 2 лажици шеќер
– 100 г крем од ф’стаци
– 200 г чоколада за готвење (темна или млечна)

Advertisement
принтскрин јутјуб

Подготовка:

Кадаифот се дроби со рака, па се меша со стопениот путер и шеќерот. Смесата се пржи во тава додека не добие златна боја и крцкавост.

Чоколадата се растопува и рамномерно се нанесува на силиконски калап. Се става во замрзнувач 10 минути да се стврдне.

Во меѓувреме, кадаифот префрлете го во поголем сад и додадете го кремот од ф’стаци. Промешајте.

Распоредете го филот од кадаиф и кремот во калапот со чоколадо, па прелијте со остатокот од растопената чоколада.

принтскрин јутјуб

Вратете го во фрижидер да отстои три часа, или уште подобро – преку ноќ.

Ако сакате да ги импресионирате гостите со нешто невообичаено, а сепак едноставно, ова е вистинскиот избор. Дубаи чоколадата е новата кралица на домашните десерти.

Пробајте ја – но внимавајте, создава зависност!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button