Тигресто од глава до пети и минимализам до максимум – Како ви се допаѓа модата во Солун?

Сончевите зраци ги мамат Македонците, но и останатите туристи од регионот да тркнат до Солун и да го испијат кафето покрај обала. Кејот во Солун се претвора во модна писта посебно за викендите.
Туристи од сите страни, многу Македонци, Срби, но тука се и солунците и останати Грци кои сакаат да се прошетаат во ова атрактивно туристичко место.
Екипата на Гламур го испи попладневното кафе во Солун и забележавме каква мода има низ градот.

Од ултра модерни дами и господа, до стилски облечени луѓе. Забележавме и елеганција во движење, секако дека има храбри аутфити и смели модни изрази, па ова е голем град и можете да видите се и сешто. Но претежно доминира минимализмот, барем од тоа што видовме пред нашиот објектив.

На која страна и да се свртите во Солун ќе го забележите популарниот животински принт кој денеска е насекаде и по излозите и модните списанија.

Една девојка ги надмина сите бидејќи се облекла од глава до пети со овој леопардски принт и нас ни ги привлече вниманието.

Повозрасната дама со шешир беше како излезена од Vouge

Мажите облечени лежарно, но во најнова мода со одлично комбинации

Младите девојчиња едноставни во изборот, комотно со ниски обувки, претежно патики, но навистина модерно

Цветните фустанчиња со весели тонови актуелни и за ова лето

Погледнете ја нашата галерија и ќе не радува ако ви помогнеме и позајмите некоја идеја за вашиот моден изглед