Еве зошто цело Скопје зборува за ова опасно издание на Андријана – кусо здолниште и неверојатен шарм
Никогаш поубава, растури на сцената...

Концерт за паметење
Пејачката Андријана Јаневска ги воодушеви сите кога се појави на сцената во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Таа беше една од гостинките на Битолскиот камерен оркестар и нивната „Ѕвездена симфонија“. Покрај Андријана настапија и многу други наши познати пејачи кои на публиката им приредија одличен музички настан со изведба на најголемите Ем-ти-ви хитови од 80-тите – 90-тте.
Принтскрин/ Инстаграм
Но овој пат, публиката уживаше во познатите песни, со нов раскошен аранжман проследен од Битолскиот камерен оркестар.
Испратена со бурен аплауз и овации, Андријана на сцената настапи со еден од најголемите хитови на култниот бенд Нирвана, а ги воодушеви сите и со интересниот сценски настап.
Принтскрин/ Инстаграм
Таа за оваа пригода избра и моќно издание, па си доби бројни комплименти и за својот феноменален изглед.
Имено, Андријана на сцената блескаше во кусо фустанче со асиметричен крој со кое во преден план ги истакна своите згодни нозе, а целото издание го заокружи со својата преубава црна коса.
Принтскрин/ Инстаграм
Пејачката со ова свое издание предизвика бројни реакции и на социјалните мрежи, а нејзиниот стајлинг никого не остави рамнодушен.
Таа сподели и едно видео од настапот, а како пејачката совршено го истакна својот шарм, погледнете во продолжение…
Принтскрин/ Инстаграм
Принтскрин/ Инстаграм
Принтскрин/ Инстаграм
Принтскрин/ Инстаграм
Бонус видео
@kultura24.mk „Засекогаш во срцата“ – Андријана Јаневска и Камерниот оркестар на Битола со „Ако утре ме нема“ во чест на ДНК и жртвите од Кочани…повеќе детали и фотографии на kultura24.mk @Andrijana Janevska #dnk #kamerenorkestarnabitola #andrijanajanevska #andrejgjorgjevski #panchodnk #kocani #bitola #koncert #akoutremenema