ПатувањаПрепораки

Скриениот рај на Албанската ривиера, гламур со евтини цени – Италијанците веќе го открија, подобро е и од Сицилија

Плажата со неверојатна убавина Џипе (Gjipe Beach) се наоѓа помеѓу селата Вуно (Vuno) и Илиас (Ilias), на јужниот дел од албанската ривиера, во општината Химара (Himarë). Многумина во неа ќе го препознаат својот сон за поимот плажа.

Advertisement

На југот на Албанија, помеѓу селата Илиас и Вуно, се наоѓа една од најубавите и најмалку познати плажи на Јонското крајбрежје.

принтскрин

Оваа изолирана плажа, сместена на влезот од импресивниот кањон Џипе, нуди уникатна комбинација од природна убавина, авантура и мир.

Advertisement
принтскрин
принтскрин јутјуб

Џипе – скриениот рај на јужна Албанија што сè уште го знаат само избраните

Плажата Џипе е едно од највпечатливите и најмагични места што можете да ги посетите на јужниот дел од Албанската ривиера.

Овој мал природен рај е совршен за сите – од авантуристи кои патуваат сами, до друштва и семејства во потрага по мир, тишина и спектакуларна убавина.

принтскрин јутјуб

Ќе бидете опкружени со неверојатни пејзажи во секој правец, а во близина се наоѓа и значајно културно наследство кое можете да го истражите.

Advertisement

Но, она по што Џипе е најпознат е самата плажа – прекрасна, песочна, со тиркизна вода, до која се стигнува со околу половина час пешачење, со брод или со теренско возило 4×4.

Колку е далеку?

Од Скопје до оваа плажа има околу 430 километри, што значи дека патувањето со автомобил трае приближно 8 часа, зависно од граничните премини и сообраќајот. Најчесто се патува преку Струга и Елбасан, продолжувајќи кон Валона и потоа по крајбрежниот пат кон Химара. Последниот дел од патот води до селото Илиас, од каде што има неасфалтиран пат до паркингот блиску до плажата. Од паркингот, посетителите треба да пешачат околу 30 минути по каменеста патека за да стигнат до самата плажа или, како што претходно спомнавме да пристигнат со џип а најдобро со брод кој е на располагање неколку апти во денот.

принтскрин фејсбук

На самата плажа има мал камп со основни услови за кампување. Во текот на летната сезона, на плажата функционираат неколку барови и штандови со брза храна и лесни закуски.

Цените се многу пристапни: пиво чини околу 300 (приближно 2.5 евра), а оброци како риба со салата и помфрит се нудат за околу 800 леки (приближно 6.5 евра).

Активности и авантури

Плажата нуди различни активности за љубителите на авантурата. Може да се изнајмат кајаци за околу 10 евра на час и да се истражуваат блиските пештери. Кањонот Џипе, кој се наоѓа веднаш зад плажата, е идеален за пешачење и истражување на природните формации, а секако ќе ве остави без здив и без зборови.

принтскрин јутјуб

Плажата Џипе претставува совршено место за оние кои бараат бегство од гужвата и комерцијализацијата на популарните туристички дестинации. Со својата природна убавина, автентичност и мир, овозможува уникатно искуство за сите љубители на природата.

принтскрин јутјуб

Сместување во близина

Доколку не се сместите во кампот на самата плажа, за оние кои преферираат поудобно сместување, најблиските места се Химара (Himarë) – се наоѓа на околу 14 километри од плажата, или приближно 25 минути со автомобил и Дерми (Dhërmi) – на околу 7 километри од плажата, или приближно 12 минути со автомобил. Во овие места има различни опции за сместување, вклучувајќи хотели, апартмани и пансиони, со цени кои варираат во зависност од сезоната и типот на сместување.

принтскрин јутјуб

Самото место Дерми е познато по своите прекрасни плажи и традиционални куќи каде би можеле да се сместите. Цените за ноќевање во апартмани во Дерми започнуваат од 35 евра по ноќ, со просечна цена од околу 50 евра. На пример, би ги препорачале Olives Terrace B2A5 Apartment, простран апартман со комплетно опремена кујна и прекрасен поглед од терасата, или Eva Apartments, се наоѓа во село Илиас, на 3 км од центарот на Дерми, нудејќи мирна атмосфера и традиционално гостопримство.

Но би можеле да се сместите и во Химара (Himarë), на околу 14 километри од плажата Џипе. Овој град нуди поширок спектар на сместувачки капацитети, од економични до луксузни опции. Цените за ноќевање во апартмани во Химара започнуваат од 20 евра, со просечна цена од околу 40-50 евра (Argileos: Апартмани со прекрасен поглед на морето, базен и добро оценети од гостите. Villa Ksanthi: Се наоѓа во старото село на Химара, нудејќи автентично искуство и мирна околина).

Во овие места, можете да уживате во традиционални албански јадења и свежа морска храна.

Цените за оброк во ресторан се движат од 4 до 7 евра за едноставен оброк, додека оброк за две лица во ресторан со среден ранг може да чини од 20 до 35 евра.

Од пијалаците, пивото е, на пример, (0.5 л) околу 1 до 2 евра, а кафето приближно 1.5 евра.

Доколку сакате да кампувате директно на плажата Џипе, единствената официјална опција е Gjipe Eco Campground – уникатно место кое нуди автентично искуство во срцето на албанската ривиера.

принтскрин фејсбук

Gjipe Eco Campground – Што нуди?

Сместен на само неколку чекори од плажата, кампот е опкружен со природна сенка од дрвја и нуди основни, но доволни услови за престој, а ќе бидете во волшебна околина:

Во летната сезона, цените за сместување во кампот се движат од 25 до 40 по лице за ноќевање, во зависност од тоа дали носите своја опрема или изнајмувате шатори со душеци и постелнина. Кампот располага со заеднички тоалети и тушеви, ресторан и бар, како и простор за одмор. Се наоколу е како во бајките.

принтскрин фејсбук

Се наоѓа веднаш до плажата Џипе, овозможувајќи ви да уживате во морето и природата без потреба од дополнителен превоз.

Поради ограничениот број места и популарноста на кампот, се препорачува да направите резервација однапред, особено во врвот на сезоната.

принтскрин фејсбук

Кампувањето на Џипе е идеално за љубителите на природата и авантуристите кои сакаат да избегаат од урбаната врева, но и за семејствата кои сакаат да уживаат во мирот и убавината во овој неверојатен дел на албанската ривиера.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button