Дом и семејство

Чудо од кујната – ставете го ова во саксија и гледајте како мртвото цвеќе воскреснува!

Не трошете пари на скапи ѓубрива – вашето решение се крие во кујната!

Advertisement

Ако ви овенало цвеќето – не го фрлајте! Искусните градинари тврдат дека постои неверојатно едноставен трик кој може повторно да го разбуди секое растение.

Тајната? Обично – јајце!

Advertisement

Познато е дека калциумот од јајцата е исклучително корисен за сите растенија. Тие содржат и мали количини магнезиум и фосфор – елементи кои се клучни за здрав и брз раст. Сето тоа го прави јајцето совршено природно ѓубриво.

Што треба да направите?

На дното на саксијата ставете тенок слој земја, потоа положете едно сурово јајце и покријте го со уште малку земја.

Во таа земја посадете го вашето омилено растение или семе. Со текот на времето, јајцето ќе почне да се распаѓа, ослободувајќи хранливи материи кои ќе ја зајакнат и разубават билката.

Advertisement

Ако не сакате да користите цело јајце, доволно е да искористите само лушпа од јајце – таа е исто така богата со калциум, кислород и фосфорна киселина. Измелете ја или искршете ја ситно и додадете ја во почвата пред садење или околу веќе засадени растенија. Ќе делува како природен „бустер“ за нивниот раст.

пекселс принтскрин

Кога ќе ги видите резултатите?

Некои градинари велат дека првите резултати може да се забележат веќе по еден до два дена!

Ивон Савио, позната градинарка, изјави за Лос Анџелес тајмс (Los Angeles Times) дека лушпите од јајца се совршен додаток при садење, бидејќи минералите од нив полека се разградуваат и растението лесно ги апсорбира. Дури и кај веќе засадени цвеќиња, можете да додадете парчиња лушпа како дополнителна исхрана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button