Неколку фотографии од херојот што на многумина им го разубавија денот – матурант за пример (фото)
Неговото име треба сите да го запомниме...

Ова момче спаси 21. лице од страшниот пожар
Пред неколку дена објавивме текст за младиот херој Јован Костадинов кој спаси 21 лице од страшниот пожар во Кочани.
Текстот беше инспириран од подарокот што ова младо и скромно момче го доби од бутикот Голден Гарден во Велес за својата матурска.
Фејсбук
Имено, овој бутик му подари комплетен матурски стајлинг, а нивната објава ни го разубави денот, па решивме да ја споделиме.
Овој пат тие на Фејсбук објавија уште неколку фотографии од младиот херој на кои тој изгледа како манекен.
Фејсбук
И овие фотографии кај многумина предизвикаа воодушевување, посакувајќи му на ова храбро момче многу среќа во иднина.
Фејсбук
Текстот за Јован може дa го видите тука.
Херој со големо срце
Јован по страшната несреќа во Кочани кратко престојуваше во болница, а потоа се врати во школските клупи. Кога се појави пред неговото училиште беше пречекан со громогласен аплауз и цвеќиња од неговите врсници во училиштето.
Фејсбук
Неговото херојско дело воодушеви многумина, a неодамна при посетата на еден манастир, за него го напишаа следново:
„Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава Македонија. Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи едно дете со големо срце“, пишува под фотографијата со ова младо момче, а која беше објавена на Фејсбук страницата Православно секојдневие.
Тој по излегување од болницата како награда за својот подвиг од Алкалоид доби четиригодишна стипендија, а овие денови многумина беа пријатно изненадени и од подарокот што ова младо момче го доби од бутикот што му подари комплетен стајлинг за матурската.
Аплауз и солзи радосници за младиот херој
Потсетуваме, Јован кога се случи страшниот пожар в Кочани беше надвор, но без да размислува влезе во дискотеката да им помогне на другите. Тој успеа да пронајде вода во близина, па ја натопи својата маица која ја стави на лицето и влезе во огнената стихија, изнесувајќи повеќе од 20-на повредени лица и спасувајќи ги нивните животи.
Тоа впрочем го потврди и една мајка која по несреќата му се заблагодари на Јован истакнувајќи дека тој во најмрачните моменти на паника и хаос, кога сите биле збунети и исплашени, се појавил како светлина надеж. И без размислување го земал нејзиниот син кој бил под рушевините и на грб го носел низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, за да го спаси, напиша мајката по несреќата на социјалните мрежи.
Фејсбук
И многу други граѓани Јован го опишуваат како вистински херој кој го ризикуваше својот сопствен живот за да ги спаси другите, така што сега илјадници му посакаа успех и среќа во животот.
Наскоро голем хуманитарен концерт во Германија за помош на жртвите од пожарот во Кочани – повеќе а ова прочитајте тука.