Наши ѕвезди

„Меморија“ го промовира својот троен албум во живо од ланскиот концерт во арената „Борис Трајковски“

„Меморија“ издадоа троен албум насловен: „Меморија 2024  Live“, сместен на три ЛП плочи.

Advertisement

По еден од најдобрите концертни спектакли во македонската рок историја, кој  лани легендарната македонска група „Меморија“ одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, бендот реши целиот материјал да го издаде на носач на звук во вид на жив албум.  И тоа во двоен формат – на ЛП плоча и на ЦД.

приватна архива

Кога е ЛП плочата во прашање, се работи за вистински уникат, каков што во Македонија никогаш досега не е издаден, а е вистински раритет дури и во историјата на екс-ЈУ музиката во регионот.

Advertisement

Имено, „Меморија“ издадоа троен албум насловен: „Меморија 2024  Live“, сместен на три ЛП плочи. На него е ставени 21  песна изведени од бендот, зашто ЛП форматот  толку максимално собира,  додека двојното ЦД содржи 25 песни од целиот концерт и во него се вклучени и изведбите на специјалните гости на концертот.

фото приватна архива

Музички продуценти на албумот се Мите Димовски и Давор Јордановски, а то мајстор е Евгениј Каревски. Извршната продукција ја потпишуваат Бошко Мангаровски и Христина Георгиевска, која е автор и на графичкото решение.

Албумот е произведен во  DADAC – SONY во Австрија и е издание на КЛС – продукција. Печатен е во лимитиран број на примероци, од кој речиси веднаш целиот тираж е распродаден.

Advertisement

Промоцијата на албумот   „Меморија 2024  Live“ во арена Борис Трајковски е закажана за Среда, 21 мај 2025 година со почеток во 13.30 часот, во амфитеатарот на Универзитетот „Скопје“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button