Добрила наполни 97 години и се уште води бурен живот – единственото нешто без кое НЕ МОЖЕ е ова?!
Најстарата победничка во „Никогаш не е доцна“ и денес оди по казина, а вели дека има и додворувачи...

Нема некој што не е позитивно изненаден од оваа жена
Неверојатната Добрила Чабриќ Ивановска стана позната во целиот регион со нејзиното учество во шоуто Никогаш не е доцна.
Таа воедно е и најстарата победничка во ова популарно шоу за ветерани, а сите и денес се изненадени од нејзината појава.
Принтскрин/ Гранд
Таа уште за време на натпреварот покажа енергија и силна волја за живот и песна, а по шоуто постојано настапува и сними неколку песни.
Пред неколку месеци го прослави својот 97 роденден, но се уште одлично се држи за свои години, па дури вози и автомобил.
Принтскрин/ Инстаграм
Имено, Добрила со својот автомобил знае и сама да патува и од Дојран, каде што живее, па се до Белград, кога ќе ја викнат да гостува во некоја емисија. И секогаш кога ќе пристигне пред студиото и ќе се паркира, сите се изненадени кога ќе видат кој излегува од автомобилот и дека навистина сама возела.
Но очигледно ова не е некој подвиг за Добрила која е доајен на Македонскиот народен театар и која и во пензија живее под полна пареа. Таа и денес не поминува незабележано од претставниците на посилниот пол, па како што самата изјави во една пригода, за себе мисли дека е вистински магнет за мажи. „Не знам што им е, се лепат како болви“, изјави во шега Добрила во една пригода за „Гранд“.
Принтскрин/ Гранд
Нејзиниот позитивен младешки дух никого не остава рамнодушен, а нешто без кое не може и денес е одењето во казино, нејиното омилено место за излегување и забава.
Како што самата вели, таа е вегетаријанец, односно јаде многу малку месо и во главно се исхранува со овошје, зеленчук и салати.
Фејсбук/ Добрила Чабриќ
Исто така не пие и не пуши, освен понекогаш кога е во друштво, но како што самата вели, тоа според неа изгледа многу лошо, како кога на пиле ќе му ставите цуцла. „Тоа на мене не ми одговара“, изјави во една пригода Добрила, а потоа додаде и дека се уште живее бурен живот и дека најчесто си легнува во раните утрински часови, за разлика од многу други стари луѓе, па дури и многу помлади од неа.
Принтскрин/ Гранд
Таа и денес живее во својата куќа во Дојран, заедно со своите миленици, а плацот на ова место го купила во далечната 1970 година.
Нејзиниот татко по потекло бил од Гевгелија, па така таа сосем случајно решила да купи плац и да изгради куќа во Дојран, а како изгледа нејзиниот дом во кој живее денес, но и повеќе детали од нејзиниот живот, погледнете во продолжение: