Нашата позната пејачка си грми со своето деколте на социјалните мрежи – никогаш не била поубава!
И додека жените беа воодушевени од преубавиот дезен на фустанот, мажите ги освои со - кројот!

Блеска во секое свое издание
Нашата позната фолк-пејачка Елена Велевска сподели селфи снимка со која ги воодушеви своите обожаватели.
Имено, таа се снимаше во преубав цветен фустан, но покрај убавата насмевка сите ги изненади со уште еден детаљ.
Инстаграм/ Елена Велевска
Елена својот настап во еден ресторан во Тетово го најави во фустан без ракави и со цветен дезен во розови нијанси, а во центарот на вниманието беше нејзиното раскошно деколте со кое никого не остави рамнодушен.
Пејачката целото издание го зачини со преубава шминка во розови нијанси и коса зачинета со нежни локни.
Инстаграм/ Елена Велевска
Како Елена изгледаше во ова свое пролетно издание, погледнете од фотографиите во продолжение.
Инстаграм/ Елена Велевска
Таа предизвика бројни реакции и коментари, а сите се согласни дека оваа мама никогаш не изгледала поубаво.