Боки 13 сподели среќна вест, се славеше цела вечер – пристигнуваат честики, ги носи најскапите брендови
По 20 години повторно во школските клупи

Боки за оваа пригода избра црно од глава до пети
Бојан Јовановски попознат како Боки 13 сподели среќна вест на неговиот профил на социјалните мрежи.
Имено, Бојан пред 20 години заврши средно училиште, па сега повторно се врати во школските клупи со своите пријатели и другари од средношколските денови за да ја прослави 20 години матура.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
И како што самиот откри во својата објава, тој денес слави со врсниците од „Јосип Броз Тито“, а следната недела со „Никола Карев“, појаснувајќи дека учел и во двете средни училишта, така што и два пати ќе прославува 20 години од матура со своите сокласници.
Тој потоа го покажа и стајлингот во кој ќе слави, а потоа откри и дека оди на роденден кај ќерката на една негова пријателка.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Матурското издание на Боки
Боки за својата матура избра „all-black“ издание, од глава до пети облечен во еден од најпознатите и најскапите светски брендови.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Само еден ремен од овој луксузен бренд чини околу 500 евра, а ако на оваа сума ги додадеме и цените на останатите модни додатоци, како и на екстравагантниот костум, ќе „стигнеме“ до цифра од неколку илјади евра.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Потсетуваме, Боки по излегување од затворот постојано е активен на социјалните мрежи и секојдневно објавува најразлични содржини, а од неодамна го најави и својот нов подкаст кој започнува на 26 мај. И како што неодамна и самиот објави, први гости ќе му бидат познатите адвокати Сашко Дукоски и Владимир Туфегџиќ.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Тој на профилот на Инстаграм секојдневно ги споделува и своите модни изданија, а уште некои од нив погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Боки со мајка му Јасминка за која пред неколку месеци сними песна. И како што самиот најави тогаш, песната ја посвети на својата мајка на која и го должи животот (повеќе за ова прочитајте тука).