Наши ѕвезди

Пајак и Слаткар со урбана експлозија – вака звучи хитот на летото

Со „Его“, Пајак и Слаткар не само што направија хит – туку создадоа културен момент кој ќе се слуша, гледа и пее цело лето.

Advertisement

Христијан Настески – Пајак и Марко Маринковиќ – Слаткаристика, или како што веќе ги нарекуваат фановите – Spiderman & Batman на македонската сцена, официјално го пуштија во етер новиот сингл „Его“, кој буквално за неколку часа се искачи на самиот врв од трендинг листата на YouTube.

Комбинацијата на препознатливите стилови на двајцата артисти, со експлозивна продукција, заразен рефрен и улична харизма, ветува едно – ова е саундтракот на летото 2025. Музиката е дело на самите Пајак и Слаткар, а во текстуалниот дел им се придружува Таско со својот препознатлив urban touch, правејќи ја „Его“ вистинска химна за градските приказни и личните битки.

Advertisement

Аранжманот, миксот и мастерингот се во сигурните раце на Ивајо – Иван Јованов, мајстор зад пултовите кој повторно докажува зошто е еден од најбараните продуценти во регионот.

Но, она што ја запечати приказната е видеоспотот – визуелна бомба под режисерската палка на Гордан Божиновски, со продукција на Urban Records.

Advertisement

Гламур, сценографија со стил и енергија што се чувствува низ екранот. Во главната женска улога блеска Јелена Џимревска од Куманово, опкружена со врвните модели на Макс Моделс, а сè се случува во импресивниот Скопје Ивент Центар, под организациска палка на Верица Донев – Божиновски.

Со „Его“, Пајак и Слаткар не само што направија хит – туку создадоа културен момент кој ќе се слуша, гледа и пее цело лето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button