Утре никако не го правете ова – се верува дека може да навлечете лоша судбина на денот посветен на светата маченичка
Светата маченичка Пелагија Тарсиска пораснала со родители незнабожци, но тоа не ја спречило да ја засакa христијанската вера.

Утре православните христијани ја слават светата маченичка Пелагија Тарсиска, а денот е поврзан со интересна приказна за нејзиниот живот, од која произлегле силни верувања и обичаи што сè уште се почитуваат.

Во тоа време, императорот Диоклецијан ги прогонувал христијаните, но неговиот син случајно се вљубил во Пелагија. За да ја избегне неговата просидба, таа побарала помош од епископот Клинон, кој ја крстил и ѝ го отворил патот кон верата. Пелагија се одрекла од богатството и скапата облека, се вратила дома и ѝ признала на мајка си дека се крстила и дека од тој момент својот живот му го посветува на Христос.
Кога ова го дознал синот на Диоклецијан, од тага се убил со меч. Мајката на Пелагија, која сакала ќерка ѝ добро да се омажи, од злоба ја предала кај императорот. Не ни претпоставувале дека и самиот Диоклецијан ќе се вљуби во неа. Но, Пелагија не ја искористила неговата наклоност – останала цврста во одлуката да не се омажи.
Поради нејзината непоколебливост, императорот ја осудил на страшна смрт: да биде ставена во метален бик, загреан со оган. Кога мачителите ја соблекле, светата Пелагија се прекрстила и со молитва на усните, сама влегла во бикот, каде што веднаш се стопила како восок.
Врз основа на оваа приказна, во народната традиција се формирале одредени верувања и обичаи.
Се смета дека на овој ден не треба да се палат свеќи или поголеми огнови. Имено, се верува дека со тоа може да се навлече зла судбина како онаа на Пелагија – да се остане без пород и без љубов.