Трамп доби внук со православно име – по 11 пат стана дедо, се породи ќерка му

Ќерката на Доналд Трамп, Тифани, стана мајка! Радосната вест ја објави на Инстаграм, споделувајќи фотографија на која ги држи малите стапала на својот син и напиша:

„Добредојде на светот, наше слатко момче – Александар Трамп Боулс. Те сакаме повеќе отколку што можеме да изразиме со зборови. Ти благодарам што дојде во нашите животи.“
Advertisement
Тифани и нејзиниот сопруг, Мајкл Боулс, му го дадоа името Александар, кое има македонско потекло и значи „бранител на луѓето“ или „војник“.
Ова име не е само симбол на сила и правдина, туку е длабоко вкоренето во православната традиција – го носат бројни светители, маченици и епископи, кои се бореле за верата и вистината.

Најпознат од нив е Свети Александар Невски (23 ноември / 6 декември) – руски кнез, храбар бранител на православието и на народот, но и Свети Александар Цариградски (30 август / 12 септември) – патријарх и столб на верата во 4 век.

Мајката на Тифани, Марла Мејплс, исто така се огласи:
„Нема поголема радост на светот. Мајкл и Тифани, оваа баба ве сака сите до небо! Беше прекрасна, девојко моја.“
Ова е 11-то внуче на Доналд Трамп. Синот Доналд Трамп Јуниор има пет деца, Иванка Трамп три, а Ерик Трамп – две.

Иако се наоѓа во службена посета на Блискиот Исток, Трамп ја прослави веста со блиските.