Две титули за македонските убавици на Мис Европа – кривопаланчанката и кавадарчанката блеснаа на сцената (Фото)
Две титули за Македонија на Мис Европа 2025.

Неодамна во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа 2025, на кој Македонија ја претставуваа две убавици – Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка и Соња Арсовскa од Кавадарци. Двете успеаја да освојат титули.

Во конкуренција на 50 девојки од цела Европа, Јулијана го освои одличното 6-то место, односно титулата 5-та придружничка (5th RunnerUp), додека Соња ја освои титулата Miss BEST COSTUME. Победничка е претставничката на Русија Јулија Павликова, првата придружничка е од Украина, а втората од Грција.

Двете наши девојки се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој избор за убавина и во чија организација девојките патуваа во Бејрут и учествуваа на изборот.
Финалето се одржа во прекрасниот клуб Куора во Бејрут, во организација на либанската агенција Style Events Organization, која веќе 20 год е организатор на изборот за Мис Европа.
Јулијана остана во Бејрут каде во иста организација следи изборот за WORLD NEXT TOP MODEL 2025, на кој таа исто така ќе учествува и ќе ја претставува Македонија.





