Денес го славиме светецот на покајанието – еве што треба да направите за благодат
Свети Еремија се смета за заштитник од змии и отровни животни, како и за заштитник на оние кои страдаат заради вистината. Многу христијани низ вековите го повикувале во молитви против каснување од змија, а неговиот гроб во Египет бил посетуван од верници кои барале исцеление.

На 14 мај, Православната црква го празнува споменот на Свети пророк Еремија, еден од најзначајните старозаветни пророци, роден околу 600 години пред Христа во селото Анатот, недалеку од Ерусалим. Запаметен како пророк на солзите и страдањето, како глас на покајанието и вистината, Еремија започнал да пророкува на само 15 години, за време на владеењето на царот Јосија.
Неговата мисија била тешка – да го повика народот и царевите на покајание, да ги разобличи лажните пророци, свештеници и оние што ја изневериле верата и правдата.
Advertisement
Преку своите пророштва, храброст и страдања, Еремија не само што ја пренесувал Божјата волја, туку бил и сведок на падот на Ерусалим и вавилонското ропство. Поради своите непријатни, но вистинити зборови, бил гонет, затворан, фрлан во самица, но Божјата промисла постојано го штитела.

На што и на кого е заштитник?
Свети Еремија се смета за заштитник од змии и отровни животни, како и за заштитник на оние кои страдаат заради вистината. Многу христијани низ вековите го повикувале во молитви против каснување од змија, а неговиот гроб во Египет бил посетуван од верници кои барале исцеление.
Што треба да се направи денес за благодат?
На денешниот ден, верниците се охрабруваат:
Да се помолат на светиот пророк со чисто срце.
Да покажат искрено покајание, бидејќи тоа е централната порака на пророштвото на Еремија.
Да избегнуваат лажење, оговарање и лицемерие.
Денес не се започнуваат нови работи без молитва и промисла.

Мудрости од пророкот Еремија
Од Книгата на пророкот Еремија се издвојуваат многу силни и длабоки мисли. Еве неколку:
„Проклет е човекот што се надева на човек, и од телото прави потпора, а срцето негово од Господа се оддалечува.“ (Еремија 17:5)
„Срцето знае да мами повеќе од сè, и лукаво е; кој може да го разбере?“ (Еремија 17:9)
„Повикај Ме, и Јас ќе ти одговорам, и ќе ти покажам големи и недостапни нешта, што не си ги знаел.“ (Еремија 33:3)
Свети пророк Еремија е еден од најмоќните симболи на упорност во вистината и љубов кон народот и Бог, дури и кога таа љубов значи страдање. Денес, неговиот пример повикува на трпение, покајание и доверба во Божјата правда, дури и кога светот нè отфрла.