Кафе муабет

Од славна глумица и модел до бездомничка без заби – ужасна глетка на убавицата која ги красеше насловните страници

Порано ги красеше насловните страници и беше ѕвезда на црвените теписи, а денес преживува на улиците на Лос Анџелес — валкана, изгладнета и зависна од дрога. Одбива помош и верува дека е „наелектризирана и опасна за другите“.

Advertisement

Порано беше мажена за холивудска ѕвезда и често се појавуваше на насловните страници на популарните фитнес списанија — Лони Вилисон, гледано однадвор, имаше совршен живот.

Но нејзиниот „совршен“ живот бил само фасада, а денес оваа поранешна манекенка, која има 42 години, живее како бездомничка на улиците на Лос Анџелес, пренесува „Сан“.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Шокантните нови фотографии ја прикажуваат како влече огромна количка полна со свои работи, со затворено и отечено црвено око, со цигара во уста и речиси сосема без заби.

Лони — денес непрепознатлива во споредба со времето кога беше насмеана русокоса — веќе со години живее на улциите, без дом, и повеќепати е забележана како пребарува во контејнерите во потрага по храна.

принтскрин јутјуб

Сѐ започнало по бурниот развод со актерот од серијата „Чувари на плажата“, Џереми Џексон, пред девет години, по кој таа западна во пеколот на дрогата и алкохолот.

Advertisement

Фотографиите го откриваат нејзиниот брз и трагичен пад откако ја загубила работата и домот, одбивајќи понуди за помош.

принтскрин јутјуб

Со скршено срце, Лони претходно изјавила дека намерно останува валкана за да избегне сексуално злоставување на улица.

Пред две години за британски „Сан“ рече: „Можам да живеам сама. Сѐ што ми треба го имам тука со мене.“

принтскрин јутјуб

„Никому не му е гајле за мене и не сакам никого да видам, ниту пак тие сакаат да ме видат мене.“

Кога Лони и Џереми се венчаа на плажа во Калифорнија во 2012 година, облечени во бело и со бело куче покрај нив, изгледаа како совршен холивудски пар.

принтскрин јутјуб

Џереми, сега 42-годишник од Калифорнија, стана познат уште како дете, глумејќи го Хоби, синот на Дејвид Хаселхоф (Мич) во серијата „Чувари на плажата“, а таа улога ја играше од својата 11-та до 18-та година, напуштајќи ја серијата во 1999 година.

принтскрин јутјуб

Лони, исто така од Калифорнија, беше преубава манекенка која се појавуваше на насловни страници на фитнес списанија, позирајќи во спортска опрема и костими за капење.

Следеа црвени теписи, гламур и заеднички појавувања на настани – изгледаа заљубени до уши.

Сепак, Џереми, поранешна ѕвезда, веќе имаше историја на зависност од дрога, која започнала уште додека бил тинејџер во „Чувари на плажата“.

Бил уапсен поради производство на метамфетамин на 19-годишна возраст, поминал 90 дена во затвор поради поседување дрога и дури пет пати бил на рехабилитација.

Иако на прв поглед изгледале како идеален пар, реалноста зад затворени врати била поинаква.

Бракот почнал да се распаѓа со алкохол и расправии, а во август 2014 година полиција била повикана во нивниот дом откако Џереми наводно ја претепал Лони.

Подоцна изјавила дека ја удрил и дека имала две скршени ребра, повреда на вратот и гребаници по лицето и телото, но не сакала да го тужи.

Се разделиле кратко по нападот, кој таа го обелоденила дури една година подоцна, кога Џереми влегол во реалити шоуто „Големиот брат на славните“.

Тој момент го означил почетокот на нејзиниот психички пад и целосна загуба на контрола врз сопствениот живот.

„Ми требаа повеќе од два месеца за да се опоравам како што треба“, изјавила таа. „Дадов отказ од работа како асистент на пластичен хирург, не можев ни да работам, ни да најдам работа во манекенството.“

„Не излегував, не се гледав со пријатели – бев на многу лошо место.“

Кога Џереми беше исфрлен од реалити шоуто затоа што ѝ ги откри градите на учесничката Клои Гудман, Лони изјави дека треба да му се суди „за негово добро“.

„Не го пријавив кога ме нападна затоа што се плашев“, додала таа. „Бев емотивно скршена и не сакав да заврши во затвор.“

„Но барем сега сите можат да видат низ што поминав.“

Губењето на работата во естетската клиника бил првиот удар по разводот во 2014 година. Доживеала психички слом и повеќе не можела да работи.

Без пари, западнала во долгови, а во 2016 година го изгубила станот кој го изнајмувала, како и можноста да го задржи автомобилот.

Се нашла на улица, станала зависна од кристал мет, а нејзината психичка состојба дополнително се влошила.

принтскрин јутјуб

Во едно интервју од 2018 година тврдеше дека во станот ја удрила струја и верува дека нејзиното тело било толку „наелектризирано“ што претставувало опасност за другите.

„Ме мачеа во мојот стан“, изјави за „Дејли мејл“. „Живеев сама, но бев под електрични удари.“ Тврдела и дека го видела Џереми како стои пред нејзиниот стан додека била „мачена“.

Рече дека поради „електрицитетот“ ги рушела зградите во кои спиела – и дека единствено дрогите можеле да ја смират.

Во тоа време додала дека животот на улица е „борба на најспособните“ и дека не се капела повеќе од една година за да избегне злоупотреба.

„Постојано ме ограбуваат. Луѓето ми ги земаат работите“, рекла таа. „Намерно се валкам за никој да не ме нападне.“

„Колку сум повалкана – толку подобро. Дури и кога смрдам. Ако ги правам тие две работи, изгледа помага.“

„Сама си ја стрижам косата за да изгледам поразлично. Но и покрај тоа, ме напаѓаа.“

Откако првпат беше фотографирана како спие под количка, нејзината пријателка, исто така манекенка, Кристин Росети, ја пронајде и ја смести во хотел, ѝ обезбеди облека и топол оброк. Сепак, по цела ноќ разговор, Лони ја одби понудата за рехабилитација и побегнала, исчезнувајќи на две години, оставајќи ги пријателите во страв за нејзиниот живот.

„На Лони очајно ѝ треба помош, мора да се тргне од улица и да биде сместена во установа“, рече тогаш Кристин.

„Многу ми е тажно, но не можете да натерате некого да прифати помош – мора сам да посака да се спаси.“

Лони повторно се појави во октомври 2020 година, чепкајќи по контејнери во близина на Венис Бич, барајќи облека и храна.

Поранешната убавина ѝ е целосно уништена од дрогите, а изгубила и неколку заби.

Сето тоа се случува на неколку метри од луксузни вили, вклучувајќи ја и куќата на Бен Афлек вредна пет милиони фунти.

За „Сан“ изјавила: „Не сум зборувала со Џереми. Не сакам да зборувам со пријатели, овде ми е супер. Не сакам никој да ми помага.“

Додала: „Немам телефон. Имам храна и место за спиење. Тука-таму добивам некоја паричка, има храна по контејнери и околу продавници. Има доволно.“

Трагични фотографии од минатата година ја прикажуваа Лони како јаде пица пронајдена во контејнер и ја дели со верверица.

Додека Лони и понатаму се бори со зависноста, нејзиниот поранешен сопруг успеа да остане „чист“ и сега е влијателна фигура на фитнес сцената во Лос Анџелес, често објавувајќи фотографии од своето мускулесто тело на Инстаграм.

принтскрин јутјуб

Тој претходно одбиваше да ја коментира нејзината ситуација, но поранешната девојка Синди Ковакс го осуди Џереми што не ѝ помогнал на Лони по разводот.

Таа изјави за „Сан“: „Навистина е тажно што ѝ се случи на Лони и никогаш не ја доби помошта што ѝ беше потребна.“ „Тој не направи ништо. Не му значеше ништо. Не мрдна ни со прст. Страшно, одвратно.“

Новите фотографии сигурно ќе ги скршат срцата на нејзините пријатели, како Кристин, која сè уште се грижи за некогашната убавица.

Да се надеваме дека ова конечно ќе доведе до тоа Лони да ја добие помошта што очајно ѝ е потребна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button