НовостиХороскоп

Што треба да направите за да ве услуша – Денес е Св. ап. Јаков, заштитникот на покајаните срца

Ако денес се почувствувате повикани да се откажете од нешто што ве спречува да бидете подобри – било да е тоа страв, суета или навика – направете го тоа како што Св. Јаков ги остави мрежите и тргна по светлината.

Advertisement

Православните верници денес го слават денот на апостолот Јаков, заштитник на покајаните срца и патниците без мапа, односно на луѓето кои не знаат каде одат.

Св. ап. Јаков, син на Заведеј и брат на Јован Богослов, бил еден од првите повикани ученици на Христос. Од рибар на Галилејското Езеро стана проповедник на Вистината и сведок на најдлабоките тајни на Господа – го виде Преображението на Тавор и ја сподели Христовата тага во Гетсиманија. Проповедал и до Шпанија, каде и денес се случуваат чуда на неговиот гроб. Страдал маченички во Ерусалим во 45 година, откако дури и неговиот клеветник Јосија поверувал во Христа и заедно со него ја прифатил смртта.

Advertisement
принтскрин јујтуб

На што е заштитник:

Св. ап. Јаков е заштитник на: пред се на покајниците, на патниците и аџиите, на оние што биле клеветани или неправедно обвинети, на болните што бараат исцеление, на оние што се осмелуваат да го остават комфорот за повисока цел.

Што да направите денес за прошка на гревовите

Напишете писмо со едноставни зборови до личност со која сте во конфликт или сте ја повредиле (може и до себе), но наместо да го испратите – изгорете го!

Advertisement

Додека го горите писмото, кажете: „Господи, прими го овој пепел како моја волја за мир и моја желба за вистинска промена.“

Овој чин симболизира преобразба на зборот во срцето и чистење на вината.

Ако денес се почувствувате повикани да се откажете од нешто што ве спречува да бидете подобри – било да е тоа страв, суета или навика – направете го тоа како што Св. Јаков ги остави мрежите и тргна по светлината.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button