Препораки

dm дрогерие маркт ја поддржа голема еколошка акција „Охрид ЕКО 2025“: Околу 100 учесници извадија 100 метри кубни цврст отпад од дното на Охридското Езеро

Advertisement

Во рамките на конкурсот на dm „Заедно за зелени идеи“, проектот за чистење на Охридското Езеро „Охрид ЕКО 2025“ стана реалност, и тоа во услови кои беа предизвик за сите учесници. По поројните врнежи и силниот ветер, оваа сабота на 10 мај, учесниците се соочија со променливо време, но тоа не ги спречи да се организираат и да ја реализираат акцијата на сите 5 локации.

Во акцијата зедоа дел околу 100 учесници, од кои 20 волонтери и 80 сертифицирани нуркачи, најголем дел од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, во чија организација и беше оваа акција, како и сертифицирани нуркачи од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска.

Advertisement

Акцијата се фокусираше на вкупно пет локации на Охридско Езеро, почнувајќи од вливот на реката Черава кај Љубаништа па сѐ до Калишта во Струга, вклучувајќи ги и Заливот на коските, кампот Градиште и градското пристаниште.

Фото: dm

По петчасовна напорна работа, учесниците успеаја да извадат околу 100 метри кубни цврст отпад од дното на Охридското Езеро. Оваа акција не само што придонесе за подобрување на состојбата на езерото, туку и за зајакнување на свеста за важноста на заштитата на животната средина.

Advertisement

„ На почетокот на оваа година, отворивме конкурс за зелени проекти и преку овој конкурс успеавме да поддржиме неколку еколошки проекти во нивната реализација со повеќе од 1 милион денари. Еден од овие е токму и денешната акција, ‘ОХРИД ЕКО 2025’ за чистење на водите на Охридското Езеро, едно од најзначајните обележја на нашата земја! Патот кон почисто и позелено утре е долг, но со гордост можеме да кажеме дека храбро чекориме по него… И нема да застанеме. Со секое ново засадено дрвце, со секое отстрането парче отпад секојдневно се движиме сигурно кон целта, а тоа е почисто и позелено утре за сите нас“ – изјавија претставници од компанијата по повод оваа акција.

Фото: dm

Со овој проект, учесниците покажаа дека заедно можат да направат разлика. Акцијата е инспирација за сите да се вклучат во зачувувањето на природата и да се борат против загадувањето. Охридското Езеро, како природно богатство, заслужува посветеност и грижа.

Фото: dm

Конкурсот „Заедно за зелени идеи“ не беше само иницијатива; тоа беше повик за акција, за единство и за заштита на нашата планета!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button