Познатиот македонски музичар ја ВООДУШЕВИ Јелена Томашевиќ – Ех, да ве познавав од порано…
Беше поштар, а сега е ѕвезда на целиот Балкан

Пејачот од Македонија, Зоран Рудан Цеки, повторно направи вистински спектакл во шоуто „Никогаш не е дона“.
Тој со секој свој настап ги воодушевува и публиката и жирито, а овој пат посебно од него беше изненадена Јелена Томашевиќ.
„Јас не знам некој од Македонија што не знае да пее, но вашите настапи се како концерти“, го пофали Јелена нашиот кандидат.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Цеки во четвртиот круг од натпреварот се претстави со хитот на Џибони „Либар“, а потоа со Вања Мијатовиќ ја испеаја „Принцеза“.
Пејачката Јелена Томашевиќ не го криеше воодушевувањето од него, па додаде дека ќе ја следи неговата кариера, но и дека и е жал што не го запознала претходно, па да го покани на својот неодамнешен концерт што го имаше во Скопје, да ѝ биде специјален гостин.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Потсетуваме, Зоран е роден во Скопје и има 57 години, а на својот роден град му има посветено повеќе песни како легендарните „Џабе живиш у Скопје“, „Касно лето е во Скопје“, „Поштарот Петре“ и „Цепај сине“, сите напишани на препознатлив скопски жаргон.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Тој со музика се занимава од најмлади училишни денови, а во текот на својата долга музичка кариера бил дел од повеќе бендови.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Покрај тоа што пее, Цеки се занимава и со студиска работа, па така свири и компонира музика за себе и своите колеги, а работи и како аранжер и текстописец. Веќе со години редовно настапува на забави и прослави, а познат е и по своите настапи со бендот Бело копче.
Повеќе за Цеки прочитајте тука…