Директорка од скопско училиште напишала стихови на Рацин, но зошто тоа предизвика револт кај многумина?

Ако куќа не направив: со високи шимшир порти,: куќа цел свет братски ми е: братски срце што отвора,: срце – порта наjвисока,: срце – куќа наjширока – Кочо Рацин.
Овие стихови на македонскиот поет осамнаа на ѕидот во скопкоото ОУ „Кочо Рацин“ и тоа од рацете на тамошната директорка. И секоја чест за овој потег, за тоа дека таа сама поткачена на столче одлучила да ги напише овие зборови на ѕидот со цел да го красат холот, но проблемот доаѓа од друго место.

Нашиот најпознат типограф Ласко Џуровски ја објави фотографијата што ја добил од ова училиште и се разочарал што директорката го напишала тоа со погрешни букви, немакедонски! Тоа тој го сподели јавно.
Џуровски веќе неколку години создава кирилични фонтови со цел да се шири употребата на македонската азбука на кирилица и во виртуелниот свет помеѓу корисиниците на социјалните мрежи, рекламните објави, јавни натписи, официјални објави на институции и не ретко алармира кога ќе се појави грешка и буквално ги става на тапет оние кои погрешиле укажувајќи им дека таа буква не се пишува така на македонски јазик.

И во овој случај тој е разочаран што просеветен работник со свои раце пишува стихови од еден од најголемите македоснки поети и наместо нашите користи туѓи букви.
Џуровски разочаран ја објави фотографијата и при тоа напиша:
Мислите дека вака изгледа резултатот кога детето ќе се потруди да напише стихови од Рацин, а родителите и наставникот ќе му речат „Браво! Одлично!“.
Не, ова не го пишувало дете, туку директорката на ОУ „Кочо Рацин“ од Скопје. Уште една тажна приказна за македонската кирилица.
Бројни коментари се надоврзаа од луѓе коишто го делат мислењето со Џуровски, но има и такви кои застанаа во одбрана на директорката.
– Браво за директорската веројатно една од ретките кои го прават тоа самостојно – стои во еден од коменатрите.
Што мислите вие за ова, дали треба да се поправат погрешните букви на ѕидот од овие стихови во училиштето?
