Денес го славиме заштитникот на децата – што никако да не направите за да имате среќа и благослов
Свети Симеон се смета за заштитник на децата, на стабилноста во семејството, како и на сите што стојат пред важни животни избори – било љубовни, професионални или духовни. Многу мајки се молат на овој ден за здравје, трпение и мудрост за своите деца.

На 10 мај, православната црква го прославува споменот на светиот апостол и свештеномаченик Симеон, еден од седумдесеттемина Христови ученици, роднина на Господ Исус Христос и втор епископ на Ерусалимската црква.

Симеон бил син на Клеоп, братот на праведниот Јосиф. Го следел Христа со вера и љубов, и по Неговото воскресение станал еден од столбовите на раната Црква. По маченичката смрт на свети Јаков, Симеон бил избран да ја води црквата во Ерусалим. Цел живот го посветил на проповед и молитва, а на возраст од над 100 години, бил маченички убиен – распнат на крст, исто како Спасителот.
На што е заштитник?
Свети Симеон се смета за заштитник на децата, на стабилноста во семејството, како и на сите што стојат пред важни животни избори – било љубовни, професионални или духовни. Многу мајки се молат на овој ден за здравје, трпение и мудрост за своите деца.
Што НИКАКО не треба да се прави денес?
Покрај вообичаените забрани за расправии, се верува дека на денешен ден не треба да се фрла вода со гласен звук – било да се истура од кофа, пере или мие, особено надвор од куќата.
Старите велеле: „Ако денеска “треснеш“ вода, ќе истуриш здравје!“ – верување кое ги предупредува луѓето да бидат внимателни со секојдневните гестови, бидејќи тие носат симболика.
Особено жените избегнувале перење алишта или чистење со премногу вода, сметајќи дека така се „пере“ радоста од домот.

Молитва за заштита
„Свети Симеоне, маченику и пастиру Христов, застапи се за нашите домови. Заштити ги децата, укрепи ги немоќните, и дарувај му мир на секое срце што бара утеха. Научи нѐ да бидеме трпеливи и верни, како што и ти остана до последен здив. Амин.“
Обичаи и традиции
На овој ден, во некои македонски села, жените месат посен леб, го премачкуваат со мед и го делат со децата и соседите – со верување дека така се „слаткоречува“ иднината. Исто така, мајките ги мијат лицата на децата со вода во која претходно стоела икона, со цел да им се дарува бистрина и мудрост. Некои запалуваат свеќа и ја оставаат да гори до крај – како симбол на верата што не згаснува дури ни во најголемите искушенија.