Прекрасен настан во Струга – верници од целата држава присуствуваа на Струшката Литија (фото)
По коњаникот, Литијата беше предводена од член од Бигорското братство кој го биеше клепалото, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, и оркестарот на град Скопје.

Како и секоја година, така и оваа, на 7-ми мај се одржа познатата Струшка Еордија (Литија) во Струга со моштите на „Свети Георгиј Победоносец” и неговата чудотворна икона.

Традиционалната Литија започна со ктиторска вечерна богослужба, потоа продолжи со поворката која како и секогаш е предводена од коњаник (кој во раката држи палмова гранка како симбол на мирот) кој е облечен во римска трибунска воена облека изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време. По коњаникот, Литијата беше предводена од член од Бигорското братство кој го биеше клепалото, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, и оркестарот на град Скопје. Исто така оваа година пристуствуваше и архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан.

Верници од целата држава присуствуваа на Струшката Литија кои дојдоа преку еднодневните екскурзии кои беа организирани баш за овој настан, со тоа и видно беше зголемен бројот на посетители, известува за гламур.мк од Струга, фотографката Ана Петроска.
Фотографија – Ana’s photos – justaphoto.ap