Физичката активност и доброто здравје се најдобриот тандем – и тоа важи повеќе од кога било за време на менопаузата!
Зошто? Менопаузата е период на големи телесни и емоционални промени. Хормоните се менуваат, телото реагира, а многу жени се чувствуваат како да ја губат контролата врз своето тело. Токму затоа, вежбањето не е луксуз – туку неопходност.
Помага да го вратиш балансот, да се чувствуваш поенергично, и да го задржиш чувството на сила и самодоверба.
Дали знаеше дека вежбањето може да ти помогне да:
1. Го подобриш расположението. 2. Ја намалиш анксиозноста и стресот. 3. Ја одржиш телесната тежина под контрола. 4 Ги зајакнеш коските и ја зголемиш енергијата.
Ова не се само зборови – ова се реални придобивки кои жените ги чувствуваат кога остануваат активни и за време на (пери)менопаузата.
Совет од доктор:
„На моите пациентки секогаш им препорачувам редовна физичка активност за време на менопаузата. Особено кај оние што чувствуваат намалена енергија, покачена тежина или промени во расположението – вежбањето делува како природен лек. А тренинзи како ЕМС, кои не го оптоваруваат телото, се одлична опција за жени кои бараат ефикасност без стрес за зглобовите. Исто така, ЕМС тренинзите особено се препорачливи за жените со генитален пролапс или уринарна инконтиненција, поради мускулната стимулација без зголемување на интраабдоминалниот притисок! “ – Доц Др Ива Малахова Ѓореска- субспецијалист урогинеколог “
Ти претставуваме: ЕМС Фитнес Замисли тренинг од само 20 минути, двапати неделно, кој: ги активира сите поголеми мускули, го зголемува метаболизмот, и не ги оптоварува зглобовите! Тоа е ЕМС (Електро Мускулна Стимулација) – иновативен начин на вежбање каде носиш специјално одело што испраќа нежни електрични импулси до твоите мускули додека се движиш.
Кликни тука и види повеќе >>
Резултатот? Подобро тонирано тело, повеќе енергија и чувство дека повторно си ти.
Подготвена да се почувствуваш подобро? Запомни – менопаузата не значи да застанеш. Напротив, ова е време кога треба да вложиш во себе. Комбинирај: редовно вежбање, урамнотежена исхрана богата со хранливи материи, и доволно вода секој ден. Твоето тело ќе ти врати со енергија, сила и подобро расположение.
Повеќе за ЕМС тренингот прочитајте тука >>