Наши ѕвезди

Каролина со нова песна и видеоспот – „Мог живота дио“ премиерно на Јутјуб (Видео)

Advertisement

Каролина Гочева, една од најпознатите македонски пејачки, ја израдува својата публика со нов музички проект. Вечерва, точно во 19 часот, на нејзиниот официјален Јутјуб канал беше објавен нејзиниот најнов видеоспот за песната „Мог живота дио“, кој веднаш предизвика позитивни реакции кај обожавателите од целиот Балкан.

Во описот на песната, Каролина откри дека уште од првиот момент почувствувала силна поврзаност со ова дело:

Advertisement

„Беше љубов на прво слушање… Песната ја снимив пред повеќе од една година, а видеото следеше наскоро потоа. Искрено се надевам дека ќе ве допре исто како што ме допре и мене,“ напиша таа на социјалните мрежи.

Текстот и музиката за „Мог живота дио“ ги потпишува Дино Мухаремовиќ, додека за аранжманот се погрижил Дино Шукало. Режисер на видеоспотот е Миомир Милиќ, кој со визуелниот приказ доловил интимна и емотивна атмосфера што совршено се вклопува со темата на песната.

Обожавателите веќе го преплавија видеото со коментари на благодарност, поддршка и восхит, поздравувајќи го стилот и искреноста што Каролина традиционално ги носи во своите изведби.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button