Астролошки феномен што се случува еднаш на 12 години – следува земјотрес, еве како ќе влијае на секој хороскопски знак
Јупитер влегува во Рак – а тоа значи почеток на среќа, стабилност и личен раст за сите знаци, но како ќе делува на секој знак поединечно и на што најмногу ќе „удри“.

Од 9 мај 2025 до 30 јуни 2026 година, на небото се случува редок и моќен астролошки настан: Јупитер, планетата на среќата, мудроста и експанзијата, влегува во знакот Рак – своето место на егзалтација, каде што неговата енергија е најблагородна и најплодотворна.
Ова е транзит што се случува само еднаш на секои 12 години, а неговото влијание ќе го почувствуваме сите – иако родените во знакот Рак ќе бидат главните ѕвезди на овој циклус.
Advertisement
Јупитер ќе донесе поддршка, раст, надеж и шанси за емоционално и духовно обновување. Особено ќе ги награди оние кои се отворени за искрени врски, домашна хармонија и поврзаност со себе и со другите.
Во овој период, вредностите како семејство, припадност, грижа и емотивна стабилност ќе добијат заслужено внимание.
Во продолжение прочитајте како оваа позиција на Јупитер ќе влијае на секој хороскопски знак:
Овен – можна селидба
Се менува фокусот од надворешниот свет кон внатрешната емоционална реалност. Време е да се поврзете со своите корени, семејството и домот. Можно е преселување, купување недвижност или продлабочување на односите со родителите.
Бик – ново возило
Јупитер го активира секторот на комуникација, учење и локални врски. Ќе блеснете преку зборот – било писмено или усно. Овој транзит може да донесе ново возило, чести патувања или обновување на односи со браќа, сестри и соседи.
Близнаци – пари!
Фокусот се преместува кон финансиите, но од емотивна перспектива. Ќе инвестирате во нешта што имаат „душа“ – дом, семејни бизниси или лични вредности. Време е да го изградите своето сигурно гнездо.
Рак – многу можности
Најважниот циклус за Вас започнува! Јупитер е на Ваша страна и ќе Ви донесе нова среќа, прилики и инспирација. Покажете се, пробајте нешто ново, започнете нов проект – време е да блескате и да ја прегрнете својата автентичност.
Лав – простувања
Потреба за внатрешна тишина и самоанализа. Можеби ќе чувствувате потреба за повлекување или потреба за исцелување од минатото. Ова е време за прошка – кон себе и другите. Духовната работа и самотијата ќе Ви донесат длабока среќа.
Девица – богат социјален живот
Ќе блеснете во социјалната сфера, но со луѓе кои емотивно Ве хранат. Можете да се приклучите на групи, организации или да иницирате проекти со хуманитарна, уметничка или едукативна позадина. Пријателствата стануваат поважни од кога било.
Вага – лидерска позиција
Јупитер Ви носи професионален напредок, но не по цена на изгубена душа. Успехот ќе дојде ако стоите зад нешто во што верувате. Можно е зголемување на угледот, нова кариера или лидерска позиција со повисока цел.
Шкорпија – нови знаења
Духовната глад расте – ќе барате нови хоризонти, патувања, образование или верска/филозофска длабочина. Ова е идеално време за пишување, изучување странски јазици, или проширување на светогледот.
Стрелец – раст
Јупитер бара од вас да се соочите со длабоки емоции – интимност, доверба, трансформација. Преку кризата доаѓа растот. Ако се отворите за ранливоста, ќе доживеете најголема сила и вистинска поврзаност со другите.
Јарец – длабока врска
Односите стануваат централна тема. Бракови, партнерства или длабоки пријателства можат да се зацврстат или трансформираат. Јупитер Ви помага да градите здрави, емотивно исполнети врски, но само ако сте искрени кон себе.
Водолија – нов имиџ
Фокусот се пренесува на телото, здравјето и секојдневните навики. Ќе чувствувате повик да се грижите за себе на еден понежен, холистички начин. Време е за нови рутини, диета, движење и внимателност во секој ден.
Риби – будење!
Љубовта, креативноста и радоста се будат! Овој транзит Ви носи инспирација – можеби преку деца, уметност или нова романса. Пуштете го срцето да Ве води. Животот сега може да стане сцена, а Вие – главен актер.
Совет за сите знаци: Ова е време да ја негуваме поврзаноста – со домот, семејството, со себе и со вистинските вредности. Јупитер во Рак не носи експанзија преку надворешни достигнувања, туку преку внатрешно исполнување и душевен мир.
Нека ви е среќен овој редок циклус – нека ви го донесе токму она што ви недостасува за да се чувствувате „како дома“ – каде и да сте.