Новости

Ова е новиот пејач на нашата сцена, запомнете го добро неговото име – еве го неговото првенче (Видео)

Филип го избра неговиот повозрасен колега - Димитар Андоновски, кој ја направи музиката и аранжманот на песната, додека текстот е на извонредната Магдалена Ена Цветкоска.

Advertisement

На македонската музичка естрада секогаш има место за нови и млади музички имиња, а особено тоа е потребно последниве неколку години.

Ново лице кое со сигурност ќе го гледате и слушате во иднина е младиот и талентиран пејач Филип Александровски, кој денеска ја објави својата прва песна со наслов „Заблуда”.

Advertisement

Младиот Филип без разлика на тоа што е млад и допрва почнува да чекори на нашата музичка сцена, за тоа на кого да ја довери својата прва песна, воопшто не погрешил. Имено, Филип го избра неговиот повозрасен колега – Димитар Андоновски, кој ја направи музиката и аранжманот, додека текстот е на извонредната Магдалена Ена Цветкоска.

Филип имаше само пофални зборови за авторите на песната.

„Соработката со Димитар и Магдалена на мојата прва песна беше исклучително важна за мене. Нивната професионалност и креативност беа клучни за создавање на ваков уникатен музички проект. Заедно со спонтаност и инспирација, ја создадовме песната која веќе предизвика позитивни реакции.
Во иднина, планираме да продолжиме со соработка, развивајќи нови музички идеи и проекти кои ќе ги изненадат моите слушатели. Нашата цел е да создаваме македонска музика која ќе допре до срцата на луѓето” – вели младиот Филип.

Advertisement

„Заблуда” доби и видеоспот, на кој како режисер се потпишува Алек Тасевски од „Либеро бенд”.

Инаку како што најави и Филип, тој ќе продолжи да работи во иднина со поинтезивно темпо, а тоа значи нови песни, нови спотови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button