Цеца им ги затна устите на сите – на оваа спектакуларна вест можат сите да ѝ позавидат
Концертите на Лејди Гага, Мадона и Цеца меѓу најпосетените женски настапи на сите времиња.

Една од најголемите музички ѕвезди на денешницата, Лејди Гага, неодамна повторно го потврди својот глобален статус со импресивен концерт во Рио де Жанеиро, кој го посетија околу 2,1 милион луѓе. Настапот е евидентиран како еден од најмасовно посетени концерти од женски изведувач во поновата музичка историја.
На социјалната мрежа Икс, фан-страница посветена на Лејди Гага објави неофицијална листа на женски концерти со најголема публика, кои се врежани во меморијата на музичките обожаватели ширум светот.
На оваа листа, веднаш зад Гага, се најде и Мадона, чие присуство во Рио оваа година привлече околу 1,6 милиони посетители. Но и – Цеца!
Истата компилација ги вклучува и настапите на легендарната Тина Тарнер, која на својот концерт собра околу 180.000 гледачи.
Most attended female concerts of all time:
Advertisement#1. Lady Gaga, 2025 — Copacabana: 2.5 million attendance 🇧🇷
#2. Madonna, 2024 — Copacabana: 1.6 million attendance 🇧🇷
#3. Tina Turner, 1988 — Maracanã: 180.000 attendance 🇧🇷
#4. Ceca, 2013 — Usce: 150.500 attendance 🇷🇸 pic.twitter.com/0sSnOkrRz9
— Lady Gaga Charts (@charts_lady) May 4, 2025
На листата, посебно внимание привлекува српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, која во 2013 година организираше масовен концерт на Ушќе во Белград, на кој, според објавените податоци, присуствувале приближно 150.500 луѓе.
Овие бројки не само што сведочат за глобалниот интерес за цеца, туку и за нејзината регионална моќ со која успева да мобилизира импресивен број на публика на своите настапи.