Наши ѕвезди

Ова е куќата на Спасен на село со поглед од милион $ – волшебна глетка, голем двор и рајско зеленло

Е ова е рајот на земјата, кога сте во вакво опкружување...

Advertisement

Тука пејачот си ги полни батериите

Познатиот македонски фолк-пејач, Спасен Сиљаноски, веќе со години со своето семејство живее во Скопје.

Advertisement

Но Спасен секогаш кога има слободно време оди да ги посети своето родно село Пополжани, каде му е најубаво.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Тој никогаш не криел дека во своето родно место се чувствува како во рајот, за што зборуваат и многу негови објави.

Advertisement

„Притисокот 120/80“

Спасен тука има имот и голема куќа во која живеат неговите родители, а неодамна ја покажа и дрвената колиба што ја изгради во дворот.

Куќичката изгледа како излезена од некоја волшебна приказна, а е рачно изработена со природни и еколошки материјали.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Потсетуваме, Спасен има успешен брак со својата сопруга Ана со која имаат две деца, ќерката Мила и синот Арсениј.

Тој отсекогаш бил многу посветен на своето семејство, па секое свое слободно време го минува со најблиските.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Од Австралија директно на село!

Сиљаноски неодамна се врати од Австралија, каде беше неколку недели на турнеја, а веднаш откако се врати со семејството дојде во Пополжани, па се пофали со преубавите природни предели.

Спасен тогаш се сними и додека се шета со синот и шарпланинецот Оскар низ шумата, уживајќи во природната убавина.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

„Е ова е таа природна убавина во моето село Пополжани. Природата ни е најголем дар од Бога ама за жал ние не знаеме да ја искористиме. Сето здравје, сите лекови се во природата… За жал, такви времиња се наметнаа, сите живееме во урбана џунгла, и се оддалечивме од природата многу“, изјави Спасен тогаш.

Повеќе детали од оваа негова авантура, погледнете тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button