Наши ѕвезди

Антониа Гиговска – „Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН”

Насловот на новата нумера е “Аман”, а доаѓа како инспирација од една смс-порака која гласела: “Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН”.

Advertisement

Инспирирани од една вистинска животна приказна, познатиот продуцент Роберт Билбилов, заедно со Антониа Гиговска создадоа совршено музичко ремек-дело.

Насловот на новата нумера е “Аман”, а доаѓа како инспирација од една смс-порака која гласела: “Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН”.

Advertisement

Токму оваа порака била доволна за продуцентот Билбилов ја направи оваа одлична композиција, а Антониа како и секогаш, брилијантно да ја пренесе таа емоција на публиката.

Песната беше објавена вчера на сите музички платформи, а коментарите за овој музички проект се и повеќе од позитивни.

„“Аман“ се случи многу спонтано… Тоа е песна која зборува за однос кој веќе е скршен и никогаш повеќе не може да биде ист. Некогаш премногу очекуваме, па се разочаруваме. Пресреќна сум што ова е моја прва соработка со Роберт, а за мене веќе е успешна. Коментарите од луѓето се сите позитивни, што за песната што за изгледот, а и за спотот кој го режираше маестралниот Даниел Јовески. Се надевам дека “Аман” ќе допре до сите!” – вели младата музичка ѕвезда.

Advertisement

Инаку, „Аман” е првата песна од вториот студиски албум на Гиговска, „Жена”.

За новата песна уште пред повеќе од еден месец беше снимен и видеоспот во далечниот Египет, каде Антониа со својот тим од соработници отпатуваа на неколку дена.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button