Цел Балкан му се смее на овој полицаец: Спектакуларно бегство! (видео)

Натрпреварот помеѓу Динамо Загреб и Хајдук кој се случи во Сплит е еден од најголемите спорстки спектакли во земјата бидејќи се равоти за во дуел на најголемите ривали во хрватскиот фудбал. Но навивачите овој пат направија поголемо „шоу“ за публиката дури и од фудбалерите.
Овој натпревар донесе многу драматични моменти пред почетокот на мечот, кога навивачите на двата клуба направија големи нереди. Полицијата уапси повеќе од 150 навивачи на двата тима.
Но едно видео стана вирано. Се работи за тоа кога полицаец со лисици на рацете спроведува еден навивач, но навивачот во еден момент успеа да му избега.
Полицаецот проба да потрча за да го стигне, но по само неколку метри се откажа.
Многумина го исмејаа полицаецот дека не е подготвен да го фати навивачот кој избега, но дел од медиумите откриваат која е причината за ваквиот расплет. Полицаецот имал долготрајни здравствени проблеми со коленото кое неколку пати му било оперирано. При обидот да го фати навивачот, полицаецот повторно почувствувал голема болка во коленото, па на крајот дури завршил и во болницата во Сплит.