Пејачот од Австралија директно во неговото родно село – погледнете го рајот во кој ужива со семејството
Спасен Сиљаноски на ова место го помина своето детство

Нашиот познат фолк-пејач Спасен Сиљаноски се врати од турнејата во Австралија и веднаш го посети своето родно село.
Тој сними и неколку видеа што ги сподели на Инстаграм и покажа како ужива со своите најмили во природата.
Пејачот го искористи слободното време за да дојде со неговите во селото во кое што живеат неговите родители, Поположани.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Тој сними неколку кратки видеа додека шета низ неверојатно убавите предели во близина на селото, уживајќи во зеленилото и полнејќи ги батериите додека врапчињата цвркотеа во непосредна близина.
Со него беше и неговиот син Арсениј, но и шарпланинецот Оскар кој Спасен го чува во куќата н неговите родители.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
И како што самиот вели во видеото, природата ни е дар од Бога и во неа се наоѓаат сите лекови, градската џунгла во која живееме.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Е ова е таа природна убавина во моето село Пополжани. Природата ни е најголем дар од Бога ама за жал ние не знаеме да ја искористиме. Сето здравје, сите лекови се во природата… За жал, такви времиња се наметнаа, сите живееме во урбана џунгла, и се оддалечивме од природата многу“, вели Спасен во видеото што го сподели.
„Но затоа јас ја посетувам колку што можам повеќе, ете од Австралија директно тука, во моето родно село, и директно во планина, во шума“, вели на крај популарниот пејач во видеото што го објави.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Потсетуваме, Спасен деновиве се врати од големата турнеја што ја имаше со колегите од „Престиж бенд“ во Австралија.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Со нив на турнејата беше и генијалниот млад пеја Методија Столески, а за нивните настапи се бараше влезница повеќе.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Спасен и од Австралија редовно се огласуваше, а со едно негово видео, кога беа во посета на пејачката Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски, фолкерот ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Имено Татјана и Новица пред 10-на години се преселија во оваа земја со децата, па сега ги угостија Спасен и неговите весели и распеани пријатели во нивната нова куќа во Мелбурн.
Како сето тоа изгледаше, погледнете тука.
.