Погледнете каков „ѕвер“ вози најшколуваната пејачка во Македонија – ќе се изненадите од фотографијата
Андријана Јаневска покажа што правеше за празникот...

Еве како познатата пејачка го прослави 1 мај
И додека многумина Први мај го поминаа во природа и со скара, еве што прави нашата позната пејачка, Андријана Јаневска.
Таа сподели една фотографија и откри дека празникот ќе го помине со својот најдобар другар – моторот хонда.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
„До Охрид со другар ми“, напиша пејачката под фотографијата со која предизвика бура од реакции, а коментираше и Ирена Спировска:
„Ѕверка“, напиша Ирена и додаде едно срце.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Потсетуваме, Андријана е голема љубителка на мотори и во текот на летните месеци на настапи оди и со моторот.
Но покрај својата кариера како пејачка, Андријана важи и за една од најшколуваните дами на нашата јавна сцена.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Таа минатата година стана и доктор на науки, а работи и како професорка на Музичката академија во Скопје.
Таа воедно е и виолинистка во НОБ, така што со докторатот само го заокружи образованието и се стекна со престижна титула која навистина е реткост помеѓу популарните музичари, па дури и во светски рамки.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Но и покрај сите овие професии, на Андријана сериозно е посветена и на својата музичка кариера и никогаш не заборава на фановите.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Покрај музиката, таа со нив комуницира и преку социјалните мрежи, а нејзините објави секогаш ги воодушевуваат сите.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Тие се совршен доказ дека кога убавина и интелект ќе се спојат на едно место, па и желба за авантура, нема нито поубаво.
Па, БРАВО за оваа наша прекрасна дама, нели?