Имиња што привлекуваат пари – момчињата и девојчињата со овие имиња се предодредени за богатство
Овие машки и женски имиња се сметаат за такви што привлекуваат пари и материјално изобилство.

Идните родители често се во дилема кое име да му го дадат на своето дете. Секако, има и такви што однапред го имаат избрано, па дури и пред да дознаат дека очекуваат бебе, но тоа не е секогаш случај.
Ако не припаѓате на групата родители што одамна знаат какво име ќе му дадат на своето дете, можеби вреди да побарате инспирација меѓу имињата кои „привлекуваат“ пари.

Имено, рускиот портал „Сравни“ спроведе истражување во кое ги анализирал имињата на најбогатите руски бизнисмени. Така дошле до податоци кои руски имиња на некој начин се симбол на успех и материјална благосостојба, односно на богатство.
Според ова истражување, женските имиња што привлекуваат пари се:
Олга
Наталија
Елена
Татјана
Машките имиња што привлекуваат пари се:
Александар
Андреј
Владимир
Порталот пак, „Парентс“ додава дека и други истражувања на оваа тема издвојуваат уште неколку имиња што се сметаат за привлечни за пари и изобилство.
Некои имиња често се повторуваат на различни листи, а тоа се:
Машки имиња: Андреј, Александар, Сергеј
Женски имиња: Елена, Ана, Марија.
Претходно, гламур.мк пишуваше за прекрасно македонско старо име кое носи среќа.
Ова старо македонско име некогаш било многу популарно, но потоа го замениле помодерни машки имиња од западното поднебје.

Станува збор за името Васил.
Постојат повеќе теории за потеклото на ова име. Една од нив вели дека Васил потекнува од грчкиот јазик, од зборот „басилиос“ што значи царски, кралски, владетелски, благороднички. Според друга теорија, името може да биде поврзано со англискиот збор „basil“, што значи босилек – билка што симболизира чистота, сила и благосостојба а која изобилува во Македонија. Повеќе за симболиката и значењето на името Васил прочитајте – ТУКА.