Нега и здравје

Овој предмет што секојдневно го користиме го разорува срцето – шокантни докази од научниците

До овој застрашувачки податок дошол тим лекари и истражувачи од Универзитетот во Њујорк (NYU), кои нагласиле дека секојдневната изложеност на овие предмети може да биде поврзана со повеќе од 356.000 смртни случаи од срцеви заболувања годишно.

Advertisement

Хемикалиите што се користат за изработка на вообичаени пластични предмети за домаќинство се означени како можен причинител на срцеви заболувања и стотици илјади смртни случаи ширум светот.

Хемикалиите наречени фталати се наоѓаат во цевки и козметика, спрејови, детергенти и пластични садови, и може да се внесат во организмот откако ќе се распаднат на микроскопски честички при секојдневна употреба на предметите што ги содржат.

Advertisement
пиксабеј

До овој застрашувачки податок дошол тим лекари и истражувачи од Универзитетот во Њујорк (NYU), кои нагласиле дека секојдневната изложеност на овие предмети може да биде поврзана со повеќе од 356.000 смртни случаи од срцеви заболувања во светот во 2018 година.

– Највисока стапка на овие смртни случаи е забележана во Индија, Кина и Индонезија – навеле тие.

Сѐ повеќе докази за штетноста на пластиката

пиксабеј

За што точно станува збор објасни Сара Химан од Медицинскиот факултет Гросман при Универзитетот во Њујорк.

Advertisement

– Истакнувајќи ја врската меѓу фталатите и водечката причина за смртност ширум светот, нашите наоди придонесуваат за сѐ поголемиот број докази дека овие хемикалии претставуваат огромна закана за здравјето на луѓето – предупреди Химанова.

Според нејзиниот тим, претходни студии ги поврзале овие хемикалии со зголемен ризик од состојби како дебелина и дијабетес, до проблеми со плодноста и рак.

Изложеноста на микропластика дури е поврзана и со зголемен број случаи на заболување од рак.

– Други истражувања покажале дека изложеноста поттикнува преактивен имунолошки одговор (воспаление) во срцевите артерии, што со тек на време се поврзува со зголемен ризик од срцев или мозочен удар – појаснил тимот во истражување објавено на 29 април во списанието eBiomedicine, публикација што ја води британскиот медицински издавач The Lancet.

Утврдено е дека пластиката претставува значителен ризик за зголемена смртност од кардиоваскуларни заболувања, несразмерно погодувајќи региони во кои секторот за производство на пластика е во развој.

Загадувањето со пластика и поврзаното ширење на честички во човечкото тело се поврзани со бројни здравствени проблеми, а најновите истражувања покажуваат дека таканаречената микропластика и нанопластика го наоѓаат својот пат до крвта, мозокот, плацентата, гениталиите и се пренесуваат од мајката на нероденото дете за време на бременоста.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button