Шок откритие во вилата на Цеца – тајната соба ја открива вистинската слика за нејзиниот луксуз!
Шокантното откритие доаѓа по видео кое пејачката самата го објави на социјалните мрежи.

Во вилата на поп-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ на Дедиње е откриена тајна просторија за која јавноста до сега не знаеше.
Станува збор за целосно опремен личен фризерски салон, веднаш до базенот.
Шокантното откритие доаѓа по видео кое пејачката самата го објави на социјалните мрежи, во кое се гледа нејзината подготовка за концерт.
„Вака се подготвувам за концерт – веќе се нашминкав сама, ама фризури сè уште не знам да правам,“ вели Цеца, додека фризер ѝ ја средува косата.
Во позадина се слуша жубор на вода, па таа додаде:
„Имаме комплетно доживување“.
Снимено во опуштена атмосфера, видеото ненамерно откри дека Цеца поседува личен салон во својот дом, што дополнително го илустрира богатството и удобноста во која живее.


„Дали луѓето знаат дека сме во твојот салон?“ ја праша снимателот, на што Цеца низ смеа одговори: „Не знам дали знаат, ама ќе дознаат.“


Ова откритие повторно го враќа вниманието на јавноста кон архитектурата и историјата на вилата, која, според сведочењата во архивите на поранешниот Прв општински суд на Србија, е изградена од темел во 90-тите години. Првично на местото имало куќа купена со кредит од Наталија Мартиноиќ, првата сопруга на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Новата вила, според проектантот Јован Стабловиќ, е здание кое се градело четири години, со финансиска поддршка од Аркан, Наталија и подоцна и од самата Цеца.
„Во еден момент изградбата застана, и се чекаше приходот од издавањето на плоча од цеца за да се продолжи,“ сведочи Стабловиќ. Тој открива дека лично од Цеца добил 120.000 германски марки за гранит од Италија, што самиот го набавил.
Ваквите детали уште еднаш ја потврдуваат приказната за богатството и влијанието што го има Ражнатовиќ, но и отвораат прашања за приватноста, луксузот и како славните личности го уредуваат животниот простор далеку од очите на јавноста.