Препораки

Еве каде во Скопје го продаваат најевтиниот хамбургер – плескавицата голема, лепчето меко како памук

Ммммм...

Advertisement

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.

Едно место каде поштено ќе се „накркате“ …

Кога зборуваме за најпопуларното јадење кога е брзата храна во прашање, на сите хамбургерот ни е на врвот на листата.

Advertisement

Веќе со години вкусна плескавица во округли лепињи со салата, кисели краставички, кромид, мајонез и кечап е нешто што за огромен дел од популацијата е омиленото фаст-фуд јадење.

Приватна архива

Тоа е така и денес , иако овој специјалитет во последно време стана дел од понудите и во најексклузивните ресторани во Скопје.

Advertisement

Па така ако некогаш најдобриот сендвич во Скопје го јадевме кај Чичко Стоилко и во уште неколку други сендвичари во градот, во последните 10-на години оригиналните американски бургери добија важно место и на мапата на Скопје, па така денес се служат во речиси секој ресторан, а се појавуваат и се поголем број на бургер-барови. Но денес не ни се во фокусот овие ресторани, ниту пак оние големи и скапи и налицкани фаст-фуд барови, туку една сендвичара за која може слободно да кажеме дека се уште го продава најевтиниот хамбургер.

Имено, еден хамбургер во оваа скопска сендвичара до скоро чинеше 100 денари, а од неодамна, по поскапувањето – 120 денари.

Приватна архива

Станува збор за сендвичарата Хит од Маџари каде хамбургерите се продаваат како алва и постојано има редица луѓе.

Приватна архива

Во оваа позната скопска сендвичара хабургерот се уште е двапати поевтин од оној во многу други сендвичари, а сите што го пробале велат дека е превкусен и навистина е голем, така што убаво ќе се најадете.

Приватна архива

И токму затоа пред оваа сендвичара секогаш има гужва, па ако случајно ве носи патот во овој дел од градот, не заборавајте да ги пробате овие хамбургери – поевтини и повкусни нема да најдете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button