„Живиот Нострадамус“ ја предвиде судбината на Меган Маркл – хаос, тотален пресврт, повлекување од јавност…
„Критиките ќе достигнат точка на вриење, а Меган како одговор ќе се повлече од јавноста во текот на 2026 година,“ рече тој.

Овојпат, „Живиот Нострадамус“ даде ексклузивно интервју за британскиот Дејли меил и ги сподели своите предвидувања за судбината на Меган Маркл (43), војвотката од Сасекс, во време на сè поголемо незадоволство околу нејзиното ново Нетфликс шоу и лансирањето на брендот „As Ever“.
Кулинарско-лајфстајл емисијата на Меган, „With Love, Meghan“ (Со љубов, Меган), каде со познати пријатели готви рецепти и уредува ентериери, имаше премиера минатиот месец. За жал, по неа, критиките беа негативни уште пред емитувањето на епизодите. Дополнително, нејзиниот бренд „As Ever“ се соочи со проблеми – на многу купувачи им беа откажани нарачките поради препродажба.

Живиот Нострадамус тврди дека оваа година започнува хаос за Меган
Но според зборовите на Саломе, ова е само почеток.
„Гледам растечки конфликт меѓу Меган и Нетфликс, кој ќе кулминира со раскинување на соработката,“ изјави Атос Саломе. Тој предвидува и „уште повеќе логистички проблеми“ за нејзиниот бренд, како и „нов бран на критики кои сериозно ќе го загрозат кредибилитетот на As Ever.“
Ќе мора да се повлече од јавноста

Саломе верува дека „јавниот имиџ на Меган до крајот на 2025 година ќе помине низ најтешкото искушение“, и дека „експлозивни исповеди од поранешни соработници или оддалечени сојузници“ дополнително ќе ја влошат ситуацијата.
Advertisement
„Критиките ќе достигнат точка на вриење, а Меган како одговор ќе се повлече од јавноста во текот на 2026 година,“ рече тој.
Меѓутоа, пред да се повлече, Саломе предвидува дека војвотката ќе лансира нова емисија во која ќе ја „претстави суровата и искрена слика за емотивните лузни што ѝ ги нанеле монархијата и медиумите.“
Конфликтот со Нетфликс ќе ескалира
Конфликтот со Нетфликс, според Саломе, „ќе ескалира на средината на 2026 година, што ќе доведе до дефинитивен раскин.“ Тој гледа дека Меган ќе премине на „Apple TV+ или на некоја нова азиска платформа во подем.“

Што се однесува до нејзиниот бренд, Саломе предвидува дека наскоро ќе претстави „линија производи за дома инспирирана од древни традиции кои ќе ги открие за време на патување низ јужна Европа.“
„Италија или Грција? Симболите упатуваат на Медитеранот,“ додаде.
Ќе се врати како актерка
По повлекувањето од јавноста, Саломе ја гледа Меган како „повторно се појавува кон крајот на 2026 година со нов фокус.“
„Нејзината енергија ќе биде насочена кон општествени цели, особено кон образованието на девојчиња и менталното здравје на жените,“ рече тој.
Саломе гледа посветла иднина за Меган по нејзиното враќање: „Ќе стане општествено ангажирана продуцентка, напуштајќи го досегашниот лајфстајл имиџ и посветувајќи се на теми од вистинско значење.“
Уште едно изненадување: Саломе предвидува голем пресврт во нејзината кариера и дека е можно враќање на глумата – но не онака како што јавноста очекува.
„Без блокбастери, без црвени теписи,“ нагласи тој. „Наместо тоа, независен филм режиран од позната женска режисерка – веројатно од Европа или Иран – ќе го означи нејзиното враќање пред камера.“

„Нејзината улога? Жена која го напушта животот на привилегии за да ја пронајде својата суштина. Метафора? Апсолутно. Исповед? Многу можно,“ додаде Саломе.
Тој предвидува дека нејзината актерска изведба би можела „да ги изненади критичарите и да ја донесе на радарот на фестивалите во Кан или Венеција во 2027 година.“
Посветеност на хуманитарни проекти
Покрај сето тоа, Саломе гледа како Меган се „посветува на хуманитарни проекти“, започнувајќи дискретно во Африка или Јужна Азија во 2026 година.
„Во рок од неколку години, тој проект ќе стане нејзиното најзначајно и најтрансформативно наследство,“ рече тој.
На крајот, Саломе заклучува:
„Сето ова е запишано во нејзината скриена Кабала. Но дали навистина ќе тргне по тој пат, зависи само од неа. Јас само ја откривам мапата на нејзината судбина.“