Наши ѕвезди

Убавата битолчанка ги изненади сите кога откри дека се породила – денес е најсреќната мама на светот!

Нашата пејачка се оствари во улога на мајка на 42 години, а никој не знаеше дека е бремена

Advertisement

Нашата позната фолк-пејачка Татијана Стефановска (45) веќе со години важи за една од најзгодните дами од естрадниот свет.

Таа и откако се породи за брзо време се врти повторно во топ форма, а денес многумина за неа велат дека изгледа поубаво од кога било досега. Впрочем за нејзиниот шарм и убавина зборуваат и нејзините објави од кои може да видиме дека мајчинството ѝ годи.

Advertisement

Пејачката неодамна сподели неколку фотографии на кои блескаше и со кои сите ги воодушеви со комбинацијата.

Инстаграм/ Татијана Стефановска

Таа за оваа пригода избра панталони и блуска без ракави во иста сина нијанса, а целото издание го заокружи со бели високи потпетици.

Advertisement

Следуваа бројни комплименти на сметка на убавиот изглед на оваа наша позната мама која блеска и во својата петта деценија.

Инстаграм/ Татијана Стефановска

Вест што ги изненади сите

Потсетуваме, Татијана пред неколку години ги изненади сите кога откри дека се породила бидејќи никој не знаеше дека е бремена.

Таа во улога на мајка се реализираше на 42-годишна возраст, а нејзината ќерка Ана за неколку месеци ќе наполни 4 години.

Инстаграм/ Татијана Стефановска

И бидејќи убавата битолчанка со години водеше битка да се оствари во улога на мајка, таа за време на бременоста не се огласуваше во медиумите, па сите беа изненадени кога ја соопшти радосните вести.

Инстаграм/ Татијана Стефановска

„Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка! Ана! Господ секаде да дава ваква радост“, напиша фолкерката тогаш на својот „Фејсбук“, а истата објава беше споделена и на профилот на нејзиниот сопруг, музичарот Митко Бежаноски.

Инстаграм/ Татијана Стефановска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button