Ново покачување на платите во оваа земја во која има Македонци од сите страни – по 80 евра повеќе
Околу 50.000 вработени во оваа индустрија треба да очекуваат ново зголемување на платите

Ново зголемување на платите во оваа европска земја
Околу 50.000 вработени во хемиската индустрија во Австрија наскоро ги очекува зголемување на платите од 2.65 отсто.
Постигнат е договор по третата рунда преговори околу колективниот договор, така што покачувањата следуваат од 1. мај.
Со овие преговори вработените во хемиската индустрија остануваат под тековната инфлација од 2.75 отсто, односно под нивото на поскапувањата во изминатите дванаесет месеци, која се користи како основа за колективни преговори.
Фото: Пексел
Платите и надниците ќе се зголемат за најмалку 80 евра, а најмногу за 113 евра, пишуваат австриските медиуми, а пренесе Феникс магазин.
Овие преговори за платите траеја веќе некое време. Тие започнаа на 18 март, и по две рунди без резултат, конечно постигнат е договор. По ова главните синдикални преговарачи за хемиската индустрија Јохан Шернбергер (PRO-GE) и Марио Мајрворгер (ГПА) нагласија дека со минималното зголемување од 80 евра успеале посебно да им помогнат на оние со пониски пр9имања, така што со тоа ја постигнале и една од своите главни цели.
Фото: Фрипик
Повеќе пари и за сите граѓани
Потсетуваме австриската влада реи да воведе низа на мерки за 2025 година со кои ќе им ги ублажи на граѓаните проблемите со инфлацијата.
Заради високата инфлација во ова земја, поскапеа енергентите, па и основните трошоци, така што само сметките за струја пораснаа преку 30 % што беше дополнителен товар за граѓаните.
Од овие причини владата на Австрија во последните неколку месеци воведе низа поволности кои можат да изнесуваат и до 1500 евра, што во овие тешки времиња, е значителна сума.
Па така работниците се уште имаат корист од надоместокот за патни трошоци од 1200 евра, во зависност од тоа каде живеат.
Од друга страна, во Виена и Велс има бонуси за сметките за струја од 100 евра, додека во многу провинции во Австрија граѓаните оваа година ќе можат да поднесат и барања за субвенции за греење до 350 евра.
Повеќе за ова прочитајте тука...