Ќе се изненадите колку ќе чини млекото и пилешкото во Стокомак – соседите шокирани од ниските цени!
Еве зошто нашите соседи полудеа по новиот македонски маркет што овие денови беше отворен кај нив

Нашите соседи воодушевени од продавницата на „Стокомак“
Овие денови беше отворена првата продавница на „Стокомак“ во Пирот, по што овој македонски маркет ќе отвори уште неколку продавници.
Покрај модерниот дисконт во Пирот, „Стокомак“ планира да отвори маркети и во Ниш, Параќин, Лесковац и Панчево, а потоа во уште неколку локации за кои компанијата е во завршни преговори
Како што пишува во нивното соопштение, во асортиманот ќе имаат околу 1200 прехранбени и непрехранбени производи.
Фото: Фрипик
Млекото 47 денари, пилешкото околу 130?
И како што објави српскиот Курир, во нивната нова продавница во Пирот може да се најде пиле за 250 динара (околу 130 денари), млеко за 90 (околу 47 денари), масло од сончоглед, кечап и гриз за 150 динара, чоколадо за само 70 динара, додека Милка од 300 грама може да се најде за околу 300 динара, како и многу други производи.
Како што пренесуваат српските медиуми, компанијата неодамна објави и огласи за работа со почетна плата од околу 65.000 денари за работници без искуство, односно 70.000 динари за оние со искуство.
Покрај редовните примања, за вработените се нудат и дополнителни бенефиции како 13 плата, празнични бонуси и можност за напредување, додека за одреденни позиции во маркетите ќе има плата и од 80.000 динара.
Фото: Фрипик
Плата од 80.000 динари или околу 42.000 денари?
Потсетуваме, компанијата „Стокомак“ важи за еден од најголемите трговски синџири во нашата земја, отворена во 1997 година.
Компанијата веќе некое време планира да се шири на српскиот пазар, а неодамна го купи и интернет доменот во оваа земја.
Нивната централа ќе се наоѓа во Ниш, а целокупната инвестиција за оваа земја е планирана на околу 5 милини евра.
Инаку, „Стокомак“ со приходи од 138,5 милиони евра и профит од 4,1 милиони евра во 2023 година е четврт најголем трговски синџир во Македонија. Компанијата работи со 73 модерни дисконти во кои нуди широк спектар на прехранбени и непрехранбени производи по значително пониски цени.
Според истражувањето на Инсајдер ИД, „Стокомак“ е втор синџир на маркети кој го посетуваат македонските потрошувачи.