Нашата позната пејачка немала пари ни за млеко – како самохрана мајка одвај врзувала крај со крај
Познатата пејачка денес живее на село и ужива во своите пензионерски денови

Нашата позната пејачка некогаш немала пари за храна за ќерките
Популарната пејачка Маја Оџаклиевска (71) има две ќерки Теа и Андреа кои ги има одгледано како самохрана мајка.
Таа многупати досега во своите интервјуа има истакнато дека нејзиниот живот речиси никогаш не бил лесен, а како самохрана мајка се случувало понекогаш да нема пари ни за млеко за своите деца.
Принтскрин/ Јутјуб, РТС, ТВ лица
Маја не се омажила за таткото на Теа, Александар, затоа што во тоа време тоа не ја интересирало, а останала во добро односи со него се до минатата година, односно до неговата смрт.
Од друга страна со таткото на Андреа се венчала, но не по нејзина желба, туку по негова, но љубовта кратко траела.
И како што откри Маја неодамна, во едно интервју, таа со таткото на Андреа кој сега е оженет и има две ќерки, е во добри односи, така што секогаш кога тој ќе дојде во Белград ќе одат заедно на ручек.
Принтскрин/ Јутуб
„Со никого се немам разделено на грд начин“, истакна тогаш Маја која како самохрана мајка поминуваше и низ тежок период.
„Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случувало да јадеме бисквити и вода затоа што немавме пари за млеко. До толку беше тешко. Не можев да работам, а не сакам да правам компромиси и да пеам нешто што не можам, нешто што желудникот не ми го сака“, изјави Маја тогаш откривајќи дека во една пригода заминала во Германија да работи тезга, но и тоа не траело долго.
Принтскрин/ Јутуб
Тоа го направила за да заработи пари за децата, но по три дена си кажала самата на себеси дека никогаш повеќе нема да го прави тоа.
„Тоа беа години на војна. Таа 1992 година почна да снемува работа, па морав да почнам нешто друго да работа. Мој другар имаше вулканизерска работилница, каде продаваше половни гуми. Го прашав да ме препорача за некоја работа, а тој ми кажа дека му треба некој за надзорен орган. Ме вработи. Беше презадоволен кога открив дека работниците го поткраднуваат. Платата ми беше околу 500 марки, а до тогаш, само за една песна земав 1000! Но тоа ми беше во ред, бидејќи бев благодарна што можев за заработам свој денар“, раскажуваше Маја во една пригода, па го додаде и следново:
„Не постои чувство на незадоволство кога чесно ќе го заработите парите. Се додека работата е чесна, секој денар е голем како куќа. И во Шведска, додека бев со мајка ми, чував туѓи деца. Работев и во фабрика за исправање конзерви. Мојата мајка ми зборуваше: Сине, Бог нема ништо против чесната работа, Сега конечно уживам. Мојата кариера започна 1969 година, а јас со 38 години работен стаж заминав во пензија. Продолжив и после тоа да работам, но пред три години си кажав доста“, раскажа тогаш Маја за српскиот Информер.
Принтскрин/ Јутјуб, РТС, ТВ лица
Потсетуваме, Маја која во младоста важеше за една од најубавите пејачки во цела Југославија, од неодамна живее на село.
Таа долго време живееше во Белград со своите две ќерки, а потоа и со внукот Лука кој има аутизам, но во еден момент реши со својот внук да се пресели во едно преубаво село во близина на Велика Плана.
Принтскрин/ Јутјуб, РТС, ТВ лица
И како што самата вели, тука е многу поубаво како за неа, така и за внукот, па сега во оваа идила ужива во пензијата.
Како изгледа живото на Маја на ова место, но и каквa убавицa е нејзината ќерка Андреа, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска