Наши ѕвезди

Оваа дама можеше да го освои милионот кај Лила, ама банкарот ја предомисли со хит понуда (видео)

Беше напнато до самиот крај...

Advertisement

Ова беше една од највозбудливите игри

На социјалните мрежи се уше се врти стара снимка од квизот „Сé или нешто“ кога една натпреварувачка за малку ќе им го собереше милионот на Лила Филиповска и нејзиниот мистериозен банкар.

Advertisement

Натпреварувачката стигна речиси до последна кутија, кога банкарот и понуди 285.000 денари, па таа не знаеше што да направи. И додека размислуваше дали милионот е кај неа, а нејзините ја советуваа да ја прифати понудата, банкарот повторно се јави за златниот телефон, и овој пат ѝ понуди неверојатни 310.000 денари.

Принтскрин/ Јутуб

Потоа се огласи и нејзиниот таткото, па и рече дека три пати не го послушала и не прифатила, па ја посоветува да оди до крај.

Advertisement

Принтскрин/ Јутуб

Се огласи и сопругот на натпреварувачката Андријана, кој седеше во публиката , па искрено призна дека е премногу возбуден и дека срцето никогаш не му чукало посилно, по што неговата сопруга се пошегува, прашувајќи го пред камерите:

„И кога се земавме не ти чукаше толку?“ се пошегува натпреварувачката, а Лила и честиташе што во ваков момент успеа да се шегува.

Принтскрин/ Јутуб

Првиот милионер по цели 6 сезони?

„Андријана, дали ќе бидеш првиот милионер?“, ја праша тогаш Лила додавајќи дека шест сезони барале милионер.

Водителката исто така тогаш појасни дека до тој момент многу пати се случувало другите натпреварувачи да имаат милион во кутијата, но сите го продале многу евтино.

Принтскрин/ Јутуб

„Ти ќе бидеш една од оние што во секој случај ќе го продадеш многу скапо“, и кажа Лила тогаш на Адријана.

Што направи натпреварувачката и дали го послуша својот татко или сопругот, погледнете од видеото во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button