Наши ѕвезди

Еве како изгледа сопругата на нашиот голем бекрија љубовџија – Марјан со неа е во брак 15 години

Оваа година тие имаат посебна причина за славење...

Advertisement

Познатиот пејач Марјан Коцев во јули оваа година ќе прослави 15 години брак со неговата сопруга Билјана.

Тие се запознале на една свадба на која што пејачот настапувал, а по една година решиле да се заколнат на вечна љубов.

Advertisement

Круна на нивната љубов се ќерката Дуња и синот Данило, а Марјан никогаш не криел дека ужива во секој моменти поминат со семејството.

Фејсбук/ Марјан Коцев

Тој и неговата сопруга Билјана важат за складен пар, а пејачот често споделува заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Advertisement

Фејсбук/ Марјан Коцев

Минатата година во септември нивниот син беше прваче, па гордиот татко тогаш сподели фотографија и ги израдува сите.

Фејсбук/ Марјан Коцев

На фотографијата беше и неговата ќеркичка, а Марјан секогаш кога ќе позира со своите најмили изгледа пресреќно.

И како што самиот истакна во една пригода, токму децата се најголемиот магнет и главна карика во секоја фамилија.

Фејсбук/ Марјан Коцев

„Секој брак си има успони и падови. Па и нашиот не е идеален но наогаме компромис, разговараме, дискутираме на крај ги решаваме проблемите. Така да кога ќе се најдат вистинските вредности во животот и ќе го согледате се она околу вас што ве опкружува и кога ќе има толеранција со партнерот (од двете страни) кога ќе бидете трпеливи, и татко и домаќин и шофер (ха ха) има хармонија во фамилијата“, изјави во една пригода пејачот, а потоа го додаде и следново:

Фејсбук/ Марјан Коцев

„А најголем магнет се децата! Главна карика во секоја фамилија! Имам голема поддршка од сопругата и доста ми помага во мојата кариера“, заклучи тогаш Марјан во интервјуто за Гламур магазин.

Целото интервју со Марјан прочитајте го тука

Бонус видео

Бекрија љубовџија

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button