Голема прослава во луксузниот дом на Гавазова – цело семејство славеше, еве кој беше највесел (фото)
Пејачката уште еднаш покажа колку ѝ е важно семејството и веселата атмосфера во нејзиниот дом.

Беше весело во домот на пејачката
Сузана Гавазова заедно со своите ќерки реши да му направи вистинско изненадување на својот татко.
Имено, тие го изненадија за неговиот 73-ти роденден, а пејачката овој момент го овековечи со снимки што ги сподели.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Прославата помина во интимна, но поприлично весела атмосфера, а нејзиниот татко блескаше од радости.
Гавазова го снимаше додека тој ја држеше овошната торта во рацете и ги дувна свеќичките, а тука беа и внуките да му помогнат.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката со овие снимки ги воодушеви своите бројни обожаватели покажувајќи какво изненадување подготвила за својот татко.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, Гавазова во последно време често споделува снимки од својот дом, а неодамна ги изненади со уште едно издание.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но овој пат во фокусот беше таа, односно нејзиниот танц пред камерите со кој пејачката ги „почести“ своите фанови.
Како Гавазова изгледаше и во ова издание, погледнете тука.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова