Диети

Гоца Тржан ја доведе линијата до совршенство – ослабе 10 килограми благодарение на ова мени!

Гоца Тржан ослабе 10 килограми благодарение на план на исхрана што веќе извесен период го практикува.

Advertisement

Гоца Тржан отсекогаш имала проблеми со вишокот килограми, но потоа ја открила диетата со која ја довела својата фигура до совршенство.

принтскрин инстаграм

Пејачката отворено раскажува за нејзината нова исхрана, а главната промена е тоа што јаде двојно помали порции.

Advertisement

„Нема магично апче. Мора да се жртвува нешто. За мене најголем предизвик беа лебот, тестенините и грицките,” изјави Гоца, па објасни и како изгледа нејзиниот начин на исхрана:

„Јадам двапати дневно, како некоја птичка. Порциите и залчињата ми се мали, се трудам да не се прејадувам. Ако и се случи тоа, знам што следува – наредниот ден гладувам и интензивно вежбам,“ открива пејачката.

Еве како изгледа менито кое ѝ помогнало да ослабне 10 килограми:

Advertisement
принтскрин инстаграм

Ден 1

Појадок: чиа пудинг со боровници и кокос
Состојки: 30 г чиа семе, 30 г овесни снегулки, 120 мл бадемово или кравјо млеко, 1 лажица кокосови снегулки, ½ шолја замрзнати боровници.
Подготовка: Се мешаат чиа, снегулки и млеко, стои 10 минути, потоа се додаваат боровниците, кокосот и стевија.

Ручек: туна со салата и ореви
1 конзерва туна (150 г), зелена салата со ореви.

Вечера: филе мисиркини гради
6 листови мисиркини гради (или печено мисиркино бело месо сечено на тенки парчиња), 50 г крем сирење, 20 г праз, салата.

принтскрин инстаграм

Ден 2

Појадок: кето чоколаден пудинг
Состојки: ½ авокадо, ½ лажица кокосово масло, 2 лажици какао, чаша органско бадемово млеко, 2-3 лажици протеин по избор.

Ручек: сланина со кељ или зелка
4 парчиња сланина, 4 шолји сечкан кељ/зелка, сенф, сол, бибер.

Вечера: модар патлиџан и тиквици со моцарела.

принтскрин инстаграм

Ден 3

Појадок: зелено смути
Кокосово млеко, индиски орев, авокадо, спанаќ, лимон, ванила, стевија.

Ручек: стек и салата
Парче бифтек, лук, маслиново масло, зачини, зелена салата, пиперка, коријандер, лимон, сенф.

Вечера: супа од тиквички и куркума.

Ден 4

Појадок: крем од протеинско чоколадо и малини
Малини, крем од кокос, какао, протеин, стевија.

Ручек: лосос со зелена салата
Половина филе лосос на скара, краставица, целер, кромид, домат, босилек, лимон, сенф, зачинета салата со јогурт.

Вечера: салата со варено јајце и парче протеински леб од бадемово брашно.

Ден 5

Појадок: чиа чоколаден пудинг

Ручек: салата „Калифорнија“

Вечера: тортиљи од кокосово брашно со зеленчук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button