Еве како ќе изгледа новата куќа на Џамбазов и зошто со Ферхунде го избрале токму ова место во Македонија
Од Маврово и Слепче, до живот покрај езеро...

Џамбазов тука ја гради својата оаза на мирот
Игор Џамбазов веќе неколку години живее покрај Дојранското Езеро, а во една пригода откри и како ќе изгледа неговиот нов дом.
Станува збор за преубава куќа која Џамбазов ја гради на ова место, со голем двор и преубав поглед кон езерото, каде тој заедно со Ферхунде ќе ужива во слободното време. Џамбазов едноставно на ова место ужива и секогаш е максимално опуштен, што може да се види и од неговата последна објава на Инстаграм.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
Имено, познатиот актер на својот Инстаграм сподели снимка со која покажа како заедно со Ферхунде уживаат покрај езерото.
И како што самиот неодамна истакна во едно интервју, секогаш кога се шета покрај езерото со неговиот миленик, Џамбазов носи и едно кесе со кое го собира ѓубрето што другите го оставиле, нешто што можеби не го правел отсекогаш, но во кое сега ужива знаејќи дека чини добро.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
Ферхунде ужива покрај езерото
„Шетаме со Ферхунде, сакаме да видиме, многу сме смешни, ќе земеме една ќеса, во десната рака ми е Ферхунде, во левата ќеса збираме ѓубренца по плажата. Мислам, за да не испадне дека се фолирам јас, дека толку сум… Не, само се сметам за еколошки освестена личност. Не ми се случи на дваесет години. Мене ми се случи на четириесет и кусур, ама веројатно сè во животот си доаѓа со време“, изјави Џамбазов неодамна во неговото интервју за Рацин.
Џамбазов во ова интервју објасни и зошто избрал токму ова место, откако едно време бил во Маврово, па подолго време и во демирхисарското село Слепчево.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
И како што појасни, големи надморски висини не му одговараат, додека медитеранската клима што се чувствува на ова место е идеална за него, па тука решил и да си ја направи својата оаза на мирот.
„Едноставно не се чувствувам добро кога ќе поседам два три месеца во Маврово, почнуваат некакви проблеми и не ми се допадна тоа. Овде сме на стоитриесет, сточетириесет метри надморска висина. Солунското пристаниште е на шеесет километри оттука“, вели Џамбазов во интервјуо, па го додаде и следново:
Инстаграм/ Игор Џамбазов
„Медитеранска клима. Понекогаш се случува овде вака да седиме како сега, а да ми пратат видео од Нов Дојран дека паѓа снег. Ама сериозен сум. (смеејќи се) Или обратно, овде невреме, таму си играат пинг понг во дворот“, вели Џамбазов во ова интервју.
Целото интервју со Џамбазов, но и како ќе изгледа неговата нова куќа на ова прекрасно место, погледнете го во продолжение…