Наши ѕвездиНега и здравје

Нашата најубава водителка и во шестата деценија изгледа неверојатно – нема ниту една брчка на лицето

Малкумина знаат, но Ели говори повеќе јазици и е магистер по Културни науки и има неколку специјализации, а на сите ни е позната од нашите мали екрани каде веќе со децении важи за една од најубавите водителки...

Advertisement

Ова е тајната на Ели за нејзиниот беспрекорен изглед

Нашата позната водителка Ели Танасковска (58) јавноста многу пати досега ја има прогласено за најубава дама од малите екрани.

Advertisement

Нема некој што не е воодушевен од нејзиниот природен и младолик изглед, посебно што и во шестата деценија изгледа како воопшто да нема брчки на лицето, па многумина се прашуваат во што се крие тајната на оваа наша позната прекрасна дама.

Фејсбук/ Ели Танасковска

И како што и самата откри неодамна, за Ели најважна е правилната нега на кожата која што ја практикува веќе со децении.

Advertisement

Не пие, не пуши, ама затоа…

Таа не пуши, не пие, ретко излегува, но затоа од 25 година оди на козметичар и тоа е нејзиниот ритуал кој со годни го практикува.

Фејсбук/ Ели Танасковска

Користи крема, и тоа природна и рачно направена, како и млеко за лице, а утрата и започнуваат без шминка, со насмевка и сакани луѓе.

„Имам голема среќа, што сум амбасадор на Промо Италија и за секоја  бора , сувост на кожата, маана, наоѓаат веднаш лек. Косата и професионалната шминка е во рацете на Диме, кој ги знае сите мои црти до детал. А и расположението, секако“, изјави Ели неодамна, па ја откри и тајната за својот беспрекорен изглед.

Фејсбук/ Ели Танасковска

„Не можам да се пофалам дека се ми дале гените! Од мојата мајка, наследив убави јагодици, бел тен ама и сува кожа, која  по триесеттите, секако бара грижа. Сува, виткана коса, која е бојадисувана често и бара грижа! Готвам многу, и сакам се да пробам , па потоа се борам со тренинзи. Јас сум многу дисциплинирана, задоена со спорт. И секогаш кога ја минувам границата , со саати во фитнес, Ребис, се трудам да се вратам во форма. Одам редовно на козметичар и користам нивна рачно изработена крема, која единствено ми ја сака лицето“, изјави Ели во една пригода, па го додаде и следново:

Пилатес, аеробик и прекрасна инструкторка, Ана која ја поти до последна капка

„За мојата коса, која расте како класје по дожд најдов рутина. Обичен раствор од пантенол, рузмарин и кокосово масло. А за формата … Пилатес и аеробик. Прекрасна инструкторка, Ана која не поти до последна капка. Е сега, ако ви кажам дека готвам вообичаено за осумина, оброци со месо, месени домашни специјалитети, разни  миризливи традиционални јадења со суви пиперки, земјени тави, пинџури, сарми, тестенини на сите возможни начини, мои креации од сите светски кујни во едно, јасно ќе ви биде! Колкава жртва, понекогаш мора да бидам. Да готвам, а, да не јадам. За моја голема среќа , мојата внука Изабела е секогаш во кујна со мене. Си играме ресторан, шефови. И таа на 8 години, веќе умее да подготви многу јадења, сама. Секој ден, ама секој ден! Со музика и игра готвиме и си замислуваме гости, многу повеќе од домашните. Еден ден, кога мене ќе ме нема, знам ќе живеам низ приказните , заспивалки која им ги измислувам секоја вечер, додека ги заспивам… Смеењата и игрите, микрофоните и песните , одморите …преку моите премили внуки, Изабела и Софи. Ме следат, во чекор“, објасни Ели во нејзиното интервју за Гламур магазин.

Целото интервју со Ели прочитајте го тука..

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button